Нашата фолкерка со фотографија од кревет ги запали социјалните мрежи, па покажа со кого се мази

Убавата фолкерка објави фотографија од кревет.
Сања Сани Гроздановска е една од најпопуларните пејачки во моментов во земјава.
Сани е доста активна на социјалните мрежи, а сега со фотографија од кревет ги запали социјалните мрежи.
Таа позираше во кревет, со покриени гради, па делуваше како штотуку разбудена топлес убавица.

-Се зае-буваат луѓето кои мислат дека без нив ќе умреш, а ти не само што ќе преживееш, туку и ќе ги надживееш – порача Сани на кратката инстаграм приказна.

На следната фотографија таа веќе беше облечена, но беше време за галење со нејзината преслатка ќеркичка која уживаше во прегратките на мама.

И покрај тоа што е мајка на две деца Сани може да се пофали со совршена фигура на која може да и позавидат многумина помлади девојки.

Таа често знае да ги изненади своите фанови и со „пикантни“ фотографии под кои секогаш добива голем број коментари и комплименти на сметка на својот феноменален женствен изглед.

Иако ја гледаме средена од глава до петици на социјалните мрежи, таа често објавува фотографии без шминка и филтери.

Сани и неодамна покажа како изгледа кога не е средена и нема ни грам шминка на своето лице, а на многумина им се допаѓа и кога е во своето природно издание и не го крие лицето зад силна шминка.







