Нашата убава водителка во ова издание изгледа како принцеза
Убавата водителка не воодушеви со ова издание
Иако знае да комбинира и одлични кежуал комбинации, Анастасија Деа Богданоска не греши и кога се елегантните фустани во прашање. Тоа можеме да го видиме и од оваа фотографија на која носи фустан во преубава боја и со здолниште кое полека од половината надолу се шири и изгледа како отворена пупка од цвет.
Таа го носеше со црни салонки со тенки високи потпетици, плико чанта и нејзината препознатлива руса боб фризура која во моментов е вистински хит.

Инаку, Анастасија најубаво се чувствува во фармерки, маичка и оксфордки, додека кога е на телевизија носи поразиграни и поелегантни изданија.
„Секоја пригода налага и соодветна облека. Тоа е правилото кое го следам. Облеката, шминката и самиот човек изгледа поинаку на камера и во живо. Телевизијата бара облека во боја и појака шминка. Па така на телевизија можете да ме видите со поразиграни, поколоритни и поелегантни изданија. Приватно пак ќе ме видите во поопуштено издание. Но едно е заедничко за мојот стил на работа и приватно: а тоа е софистицираноста“, ни изјави во интервјуто за Гламур Магазин. Погледнете уште неколку нејзини шик изданија.






