Наши ѕвезди

Нашата прва дама како кралицата Летиција- обожава да носи, но и да ги поддржи македонските дизајнери

Advertisement

Со влегување во улога на „Прва дама“, Елизабета Ѓоргиевска не заборави на хуманитарните организации и поддршка на оние на кои им е најпотребна.

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/Фејсбук

Првата дама која е вработена а Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје постојано е активна во хуманитарни организации, а овојпат се вклучи во кампањата за помош и донирање облека и ја нагласи потребата за поддршка на македонските дизајнери.

Advertisement

Со оглед дека пандемијата ги погоди сите, Елизабета, или Бети како што им е позната на сите ја нагласи потребата за промена на начинот на производството, продажбата, консумирањето и фрлањето на облеката.

„Со облеката што ја носиме, да ја прикажеме нашата грижа за животната средина, одговорно управување со природните ресурси и почитување на работничките права во производството на облека. Да го поддржуваме локалното производство и модни дизајнери, да ја донираме и подаруваме облеката која не ја носиме“, напиша таа на социјалните мрежи.

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/Фејсбук

Пред неколку дена претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Бети со членови од претседателскиот кабинет подготвуваа храна за бездомни и социјално загрозени лица, како поддршка на долгогодишната активност на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“.

Advertisement
ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/Фејсбук

Ова беше трета по ред заедничка активност на Кабинетот на претседателот и „Ретвитни оброк“, при што досега се подготвени 300 оброци, а поради претстојните празници и со оглед на тоа дека се одржа за време на велигденските пости, храната која ја приготвија беше посна.

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/Фејсбук
ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/Фејсбук

Сопругата на претседателот истакна дека е значајно одржувањето на континуитетот во заедничката активност, особено поради зголемената потреба од солидарни оброци предизвикана од здравствената и економска криза наметната од пандемијата, при што изрази надеж за поголема вклученост на што повеќе лица и дарители во оваа хуманитарна акција.

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/Фејсбук

Повеќе од 20 години е во среќен и хармоничен брак со претседателот Стево Пендаровски, а плод на нивната љубов е синот Огнен кој има 17 години.

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/Фејсбук

Во едно интервју за „Женски Магазин“ Бети открива дека заедно со Стево ги поминуваат лошите и добрите моменти и дека тој е прекрасен сопруг и татко.

ФОТО: Принтскрин/Јутјуб

-Стево постојано се обидува да нè заштити од несаканите влијанија поради неговиот политички ангажман, особено во одредени тешки периоди минатите години. Но, секако дека ние заедно ги поминуваме и добрите и лошите моменти и јас сакав да проговорам за него како личност, која најдобро го познава. Многумина дури и денес го гледаат (како што реков и тогаш) како строго лице од ТВ-екраните, токму поради сериозноста на темите за кои зборува, но, ние дома го знаеме како прекрасен сопруг и татко, базично чесен и исклучително толерантен. Затоа, сакав и другите да ја запознаат и таа негова страна и тоа беше исклучиво моја одлука.

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/Фејсбук

Елизабета каде и да се појави доминира со својот едноставен и шик, но секогаш зрачи со елеганција и женственост.

Во интервју за „Репортер“, Елизабета кажа дека се облекува во облека од македонски дизајнери и сака да им биде поддршка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button