Нашата позната фолк пејачка заврши на икона како светица? Фановите ШОКИРАНИ, не сте ја виделе во вакво издание
Убавата фолкерка речиси и да нема ден а да нема настап о некоја од скопските кафеани.
Слободно може да се нарече кралица на кафеаните, а на секој нејзин настап се бараат повеќе слободни маси.
Сања Сани Гроздановска е една од најпопуларните пејачки во моментов во земјава, а со тоа се согласуваат и нејзините фанови.
Доказ за тоа е и фотографијата која пејачката ја добила од нејзините фанови, па ја објави на Инстаграм.
Имено Сани е претставена како „икона“ или „заштитничка на микрофонот, бакшиш и заводливост“.
Секако се работи за добра шега, но едно е јасно дека нејзините фанови се воодушевени од неа.
Оваа фотографија добро ја насмеа Сани која без сомнеж е една од најдобрите фолк пејачки во земјава, а воедно изгледа неодоливо.
Таа ги следи трендовите кои на интересен начин ги вклопува во својот моден вкус, а со она што ќе го избере знае како да го привлече вниманието на јавноста.
Пејачката обожаваат да носи тесни и куси тоалети, но не со многу детали, со отворен и провокативен крој, истакнувајќи ги во преден план своите природни атрибути на кои многу колешки и завидуваат.
Радо носи и комбинезони и модели со светкави детали, но обожава и накит и високи потпетици.
И покрај тоа што е мајка на две деца Сани може да се пофали со совршена фигура на која може да и позавидат многумина помлади девојки.