Нашата позната фолкерка има тело од милион долари – во ова МИНИ ФУСТАНЧЕ изгледа подобро од кога било досега
Македонската фолкерка која неодамна славеше роденден се пофали со неколку подароци кои ги добила, но покажа и завидна фигура во кратко црно фустанче и тесен корсет кој ја изрази тенката половина.
Сања Сани Гроздановска пред десетина дена славеше роденден и организираше скромна забава со оглед на тоа дека е пандемија, а масовните дружби се ограничени, Сани покани само најблиски пријатели, но добрата забава не изостана.
Кога станува бор за неа малку е да се каже дека е атрактивна и се што ќе облече изгледа беспрекорно.
Со преубав стајлинг, шминка и фризура фолкерката изгледаше преубава од глава до петици.
Роденденскиот стајлинг Сани и го препушти на нејзината пријателка и сограѓанка, проверената модна дизајнерка Ива Спасовска и нејзиното модно ателје „Ива“ која на Сани и испрати неколку модни парчиња меѓу кои и чипкана долна облека и впечатлив фустан.
Мало, кратко црно фустанче со висок шлиц на страната и отворен грб кој ја открива тетоважата на Сани и прилегаше на виткото тело. Храбро, но и елегантно парче облека во кое Сани едноставно блеска.
Секако следеше и роденденска порака на која нејзината пријателка и честита роденден.
„Среќен роденден душо“, на картичка за посвети со нејзиното мото: „Моќта е во твои раце“!
Нашата позната фолк пејачка Сани Гроздановска важи за убава и негувана жена. Откако се појави на сцената таа ги мами воздишките и погледите на посилниот пол.
Освен фотографии на кои е средена и нашминкана, таа знае да изненади и да објави по некоја фотографија и во целосно опуштено издание и без трошка шминка.
Така беше и неодамна кога Сани да покаже како изгледа без шминка и може да се види нејзиното чисто лице без брчки и со убав тен.
Иако е мајка на две деца Сани изгледа позгодна од многу помлади колешки. Инаку, пејачката е мајка на две ќерки – постарата Афродита (12) ја доби од првиот брак, додека Ева има три години и целата е на мама.
Инаку, Сани важи за една од најплатените и најангажираните пејачки кај нас, а за нејзините настапи секогаш се бара карта повеќе. Но како и сите останати нејзини колешки и колеги, и таа има многу помалку настапи заради пандемијата со вирусот корона, и одвај чека да заврши кризата за да ѝ се врати на својата најголема љубов – музиката. Колку и недостига тоа, можеме да видиме и од нејзината нова тетоважа со која неодамна се пофали на Инстаграм – виолински клуч со ружи, а на кој пишува среќа, љубов и независност.
ФОТО: Сања Сани Гроздановска/ Инстаграм
ФОТО: Сања Сани Гроздановска/ Инстаграм
ФОТО: Сања Сани Гроздановска/ Инстаграм
ФОТО: Сања Сани Гроздановска/ Инстаграм
ФОТО: Сања Сани Гроздановска/ Инстаграм
ФОТО: Сања Сани Гроздановска/ Инстаграм
ФОТО: Сања Сани Гроздановска/ Инстаграм
ФОТО: Сања Сани Гроздановска/ Инстаграм
ФОТО: Сања Сани Гроздановска/ Инстаграм
ФОТО: Сања Сани Гроздановска/ Инстаграм
ФОТО: Сања Сани Гроздановска/ Инстаграм
ФОТО: Сања Сани Гроздановска/ Инстаграм
ФОТО: Сања Сани Гроздановска/ Инстаграм