Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната фолкерка го промени имиџот и ги изненади сите – погледнете, не сте ја виделе во вакво издание!

Реклама

Македонската пејачка ја воодушеви публиката со новата промена.

Татјана Лазаревска е една од најактивните македонски пејачки. И без оглед што поради пандемијата публиката беше лишена од забава, пејачката секогаш наоѓа начин да ја забавува својата публика.

Маркетинг

Долги години живее и работи во Мелбурн, но тоа не ја спречува да најде начин да се конектира со својата пбулика и да ги отпее за своите фанови нејзините песни.

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Со својот извонреден глас, ведрината, веселите песни и нејзината одлична изведба нема човек кој може да остане рамнодушен и да не стане да игра кога таа пее.

Без нејзините хитови не може да помине ниту една веселба.

На Инстаграм или на Фејсбук, сосема е неважно, важно е дека Татјана и нејзиниот сопруг, пејачот Новица Василевски често прават лајвови и нивната гледаност е огромна.

Маркетинг
Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Тоа е доказ дека ниту една пара не е вредна, кога се работи она што се сака.

Тања и Новица важат за најскладен пар на естрадата. Секогаш си се поддршка еден на друг и најголема помош за сѐ што треба.

Во потрага по подобар живот за себеси и преф сѐ за децата, тие заминаа да живеат во Мелбурн, Австралија.

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Заедно со синовите Стефан и Петар во 2015 година заминаа во далечната Австралија, каде денес судејќи според фотографиите кои ги споделуваат на социјалните мрежи, живеат одлично.

Секогаш опкружени во одлично друштво, парот постојано наоѓа причина да слави и да се весели.

Како што самите споделија на социјалните мрежи, најголемата желба им се исполни, а тоа беше да си купат своја куќа во Австралија.

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Со својата витка линија и младешкиот изглед, Татјана може да им одржи лекција на многу нејзини помлади колешки. Сето тоа се должи на ведрината и позитивниот дух, кој ретко како неа го има на естрадата.

Со најновиот лајв кој го објави на Инстаграм, Татјана ја изненади публиката со новиот имиџ.

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Имено, повеќе ја нема нејзината кратка коса. Татјана се одлучила за надоградба на косата. Мора да се пофали дека изгледа подобро од било кога.

Пофалби и комплименти пејачката доби во коментари.

Како ви се допаѓа вам повеќе?

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм / Татјана Лазаревска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button