Еден од најдобрите и најбараните женски вокали во земјава ги спакува куферите и заедно со сопругот отпатува надвор од границите на Македонија.
Анета и група Молика се најбарани, како во земјава така во дијаспората, па често се случува да патуваат и да настапуваат надвор од земјава.
Анета е долги години на музичката сцена, што е доказ за квалитет.
Освен убавина, Анета поседува и неверојатен глас, па секогаш звучи како ангел без разлика дали пее стари народни песни или забавни.
Неодамна објавија дека доколу се биде во ред за дочекот на новата 2022 година тие ќе настапуваат во Шведска, но се чини патувањето го започнаа малку порано.
Имено сопругот на Анета Џими Мицевски објави фотографија од авион и напиша „До Имачка“.
Двајцата сопружници решија да отпатуваат до Германија, а потоа и до Холандија, па и одтаму споделија неколку фотографии.
Тие прошетаа низ Амстердам, па уживаа и во дегустација на сирења, но не открија дали се на приватно патување или се службено, но во секој случај уживаа!
Инаку Анета со вонвременски глас долги години е дел од македонската музичка сцена, а зад себе има многу хитови, настапи и концерти.
Прекарот го добила од истоимената група Молика со која настапува повеќе од 20 години, а во кој член е и нејзиниот сопруг Џими Мицевски. Анета и Џими се повеќе од 18 години во брак, а 2 години претходно биле во врска.
Круна на нивната љубов е нивната ќерка Моника.
Моника е вистинска убавица, која својата убавина очигледно ја има наследено од својата мајка и неверојатно многу потсетува на Анета.
Таа има талент за музика, но не и желба да се занимава со таа професија. Стоматологија е нејзината животна определба.