Нашата позната пејачка објави преубава фотографија од своето бебе – ПОГЛЕДНЕТЕ на кого личи нејзината ќеркичка!

Убавата фолкерка ја покажа својата ќеркичка и уште еднаш потврди дека ужива во улогата на родител.
Познатата македонска фолкерка Татијана Стефановска која својата бременост ја чуваше во тајност пред неколку месеци се породи и на свет донесе прекрасно женско бебе.
Иако правеше пауза и по породувањето и ретко објавуваше фотографии во последно време се почесто објавува фотографии од својата наследничка.
По повод новогодишните празници тие направија и фотосесија од малата Ана.
Во дрвена кутија и со златна машна на главата малата Ана изгледа како ангел, а под објавената фотографија се редеа лајкови и коментари.

Таа важи за една од поубавите пејачки, а многу брзо по породувањето се врати во форма.

За нејзиниот изглед, освен генетиката, заслужни се и напорните тренинзи, како и посветеноста на физичкиот изглед.

Раѓањето на ќерка си беше најголема причина поради која Татијана извесен период се повлече од малите екрани, кариерата ја стави на пауза и максимално се посвети на семејството.

Сепак поради празниците почнаа снимањата на новогодишните емисии, а фолкерката ѝ се врати на професијата.

Она што е очигледно е дека Татијана изгледа подобро од кога било.






