Нашата позната пејачка има сопруг каков многу жени посакуваат – максимално ужива кога и го прави ова на својата сакана
Нашата позната пејачка не мора да се грижи за тоа што фризерските салони не работат заради вирусот корона.

Имено, таа има личен фризер – сопругот Новица.
Пејачката прво на Инстаграм објави фотографија на која се гледа како нејзиниот сопруг и ја бојадисува косата, а потоа и на Фејсбук објави видео. Нивните фанови се воодушевени посебно од тоа што фолк-пејачката покажа дека посилната половина може да биде корисна и во разубавување на жената.

Од видеото можеме да видиме дека Новица е совршен сопруг – и ја бојадисува косата и се смее, што значи ужива во тоа. Но, кога некој некого сака, такви работи се нормални. Очигледно нему ништо не му е тешко да направи за неа…
Тање, и кај мене дојде време за фарбање, пуштај го Новица, и порача една обожавателка под видеото.
Инаку Татјана и Новица неодамна во една емисија открија дека ситуацијата со коронавирусот во Австралија не е толку рестриктивна како кај нас.
Тања во Австралија работи како учителка во градинка, а нејзиниот сопруг е во јавниот транпорт.

Пејачката за велигденските празници се вклучи во живо на социјалните мрежи и одржа мини концерт од Мелбурн
Таа веќе повеќе од пет години живее во овој град со семејството.
Тие неодамна во изолација во нивната нова куќа во Мелбурн го прославија 16-от роденден на синот Петар.
.