Поради оваа фотографија на Анета Молика коментари пристигаат од сите страни
Познатата фолк пејачка блеска во овој бел фустан, а фризурата и беспрекорната шминка направија да изгледа гламурозно.
Никој не можеше да ја препознае Анета Мицевска од „Молика“ во ова преубаво модно издание. Познатата пејачка која позираше заедно со останатите членови од бендот со оваа фотографија ги воодушеви своите фанови.
Таа заблеска во елегантниот фустан кој совршено и стои, со преубав дезен кој ќе ве освои на прв поглед.
Имено, нашата позната пејачка со годините изгледа се подобро и подобро, и многумина коментираат дека годините не и можат ништо. Но за нејзиниот изглед во голема мера придонесува и нејзиниот модерен, дамски стил.
Таа блескаше во овој бел, преубав фустан кој совршено го истакнува убавите линии на женското тело, но исто така совршено ги крие и недостатоците.
Анета одлучи да го носи со минималистички накит, а целото издание го заокружи со шик фризура со шишки.
Па, дали ви се допаѓа Анета во ова издание?