Македонската актерка скршена од болка и со емотивна порака се огласи на социјалните мрежи.
Весна Петрушевска или Весна Бејби е една од нашите најдобри и најангажирани актерки.
Таа често го искажува своето мислење на социјалните мрежи, но овојпат со емотивен статус ги трогна сите.
На социјалните мрежи Бејби неодамна соопшти дека се случила голема тpaгeдиja во нејзиното семејство, односно по-чина нејзиниот татко, а му испрати емотивна порака.
-Ако не умреше. Ако ми го вратеа животот. Каква вечност ќе се отвореше пред мене! Секоја минута би се трансформирала во век од животот; Не би презирал ниту еден момент и ќе водев сметка за сите минути за да не ги трошам.
40 денови, 960 часови,те сакам!-напиша Весна.
Следеа многу коментари за сочувство и зборови за утеха.
Весна и за неговата см-рт објави на социјалните мрежи и напиша дека никогаш нема да престане да и недостига.
„Драги пријатели и роднини, утрово мојот најмил деди по-чина во 630
сабајле Kiril Petrusev ги известуваме сите пријатели кои сакаат да се поздрават со Кики може да дојдат во сабота на 11ти декември во капела од 12-13 часот во Бутел во една од нивните капели. Ужасно ми е тешко и нема никогаш да престане да ни недостасува твојата широка насмевка, исклучителниот дух и несебичната љубов. Те сакам тато, те сакам затоа што беше нежен со нас, со внуците Ема, Јана, Мина и Кирил,со зетот Џоле,со Вики … ќе ми недостасува восхитот на љубовта која ја имавте со мама Saska Petrusevska вечни тинејџери прва љубов која инспирираше те сакаме бескрајно нека ти е светол патот татичко одмори се“, напиша таа.
Инаку Весна својата кариера ја започнала кога имала само 14 години со настап на македонскиот театар.
Зад себе има многу театарски и филмски улоги, но како шлаг на тортата е нејзината улога на госпоѓа министерка во истоимената претстава, која е изведена над 150 пати.