Нашата позната водителка знае како да го живее животот – овој пат ги воодушеви сите со новата „љубов“ во нејзиниот живот
Пејачката и водителка Адријана Алачки постојано реди успеси, а сега има нова „љубов“.
Адријана Алачки долги години успешно ја води кулинарската емисија „Вкусот на традиција“ која со сигурност може да се каже дека е една од најпопуларните и најгледаните, а и единствена од тој тип во земјава.
Сега таа има нова емисија заедно со своите колеги Ирена Спировска и Благоја Груевски, па често објавува фотографии и видеа од различни места во земјава.
Поради снимањето на „Везилка“ таа имаше шанса да си набере свеж зеленчук.
– Шишево, ресторан Оаза кај газда Борче … сам си береш и си јадеш … мммммм
А за патлиџаните, дојдете и ќе видите … -напиша Алачки.
Инаку постарата генерација ја памети Алачки како дел од триото кое жареше и палеше во периодот на 90-те години од минатиот век.
Песните „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов беа неверојатно големи хитови, а Адријана, Ирена и Горан уживаа голема популарност.
Двете пејачки беа препознатливи по специфичниот начин на облекување и за секој настап носеа некоја нова интересна креација, а по распаѓање на триото секој си продолжи по свој пат.
Обожава и риболов
Она што сите ги изненади што Алачки се проба и во спортот кој многу мажи го обожаваат.
Со својата другарка Снеже седна на брегот на Дојранското Езеро и ловеше риби.
„Со мојата другарка Снеже, жена рибарка, легенда во Дојран … на часови по рибарење … наскоро на Алфа Тв во Везилка“, напиша тогаш Алачки.
Пејачката дефинитивно крие многу таленти и секогаш успева да ја изненади публиката.
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки