Реклама
Наши ѕвезди

Нашата Гранд ѕвезда во вакво издание не сте ја виделе – раскина со момчето, снима со пејач од Македонија

Ново изненадување од младата пејачка

Реклама

Од почетокот на „Ѕвездите на Гранд“ Славица Ангелова важеше за една од најдобрите пејачки во шоуто.

Но и покрај вонсерискиот талент, вистинско изненадување беше нејзината победа во ова популарно музичко шоу.

Сепак, Славица со својот шарм и скромност успеа да ги освои сите, а набргу по победата следуваше и нејзината прва песна.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Песната што ја сними за Гранд и која што ја доби како награда е вистински хит, а Славица очигледно е презадоволна од она што и се случува во животот.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Нејзината популарност од ден на ден е сé поголема, и тоа не само во Македонија, туку и во регионот.

Но покрај големата популарнст Славица, која важеше за една од најскромните пејачки во шоуто, полека почна да ги освојува сите и со својата харизма, посебно откако ја направи својата последна промена.

Имено, младата пејачка ги изненади сите со својата шик фризура, но и со новиот имиџ што сега го „фура“.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Таа на социјалните мрежи објави неколку фотки од снимањето во Гранд, а сите коментираа дека е вистинска убавица.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Облечена во црвен фустан и со црни ракавици до лактите Славица едноставно блескаше во ова свое издание и ги освои сите.

Нејзините обожаватели беа изненадени и од новата фризура, па следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Потсетуваме, деновиве нејзиниот ментор од „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, во интервју за еден српски портал откри дека Славица моментално работи на дуел со еден колега од Македонија.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Пејачот истакна дека струмичанката по победата во шоуто постојано настапува, но паралелно и го студира Медицинскиот факултет.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Тој ги коментираше и гласините дека Славица била во врска со колегата Велсан Зуловиќ со кого се запознаа за време на натпреварот.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Рокерот откри дека тоа не било ништо сериозно, но и дека постоеле некои љубовни искри меѓу нив.

„Таа не е во врска со колегата. Тоа со Веслан беше само клиничка симпатија, поточно, беше последица на времето што го минуваа заедно. Навистина не беше ништо сериозно, и заврши“, заклучи тој за 24седам.рс.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button