Реклама
Вирално

Научниците пронашле нов препарат за лекување на тешко болните од коронавирус

Реклама

Руската Федерална агенција за биомедицина направи препарат за лечење на коронавируси врз основа на антималаричен лек.

Нивниот препарат ги блокира цитопатолошките ефекти на корона вирусот на клеточно ниво и тој престанува да се размножува, се вели во соопштението на Руската Федерална агенција за биомедицина.

Маркетинг

Покрај тоа, имуносупресивниот ефект на мефлокинот го блокира секое воспаление што се јавува откако некое лице е заразено. Затоа, според руската агенција, овој препарат овозможува ефикасно лекување на пациенти со коронавирус и во различни фази на инфекција.

Да потсетиме, Светската здравствена организација на 11 март прогласи пандемија заради новиот вирус корона. Првите случаи на инфекција со овој вирус се забележани кон крајот на 2019 година, во кинескиот град Вухан.

Маркетинг

Во Македонија девет пациенти се излечени

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во изминативе 24 часа девет пациенти се излечени од корона вирусот, односно се пуштени дома, откако на два последователни теста биле негативни.

Добрата вест е што денеска се испишани, односно излечени 9 пациенти. Осум од Дебар, еден од Скопје. Тие се во добра здравствена состојба. Во наредните денови очекуваме целосно закпрепнување и на други пациенти.

Во однос на состојбата во Охрид, назначен е нов директор, хирургот Горан Балевски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button