Реклама
Вирално

Научниците открија шокантен податок за Ковид-19, но и до кога ќе трае епидемијата – еве од што зависи тоа и дали ќе имаме имунитет

Реклама

По лекувањето од вирусна инфекција, антителата остануваат во крвта долго време и штитат од повторна инфекција.

Една од енигмите на новиот вирус засега е прашањето дали имунитетот се стекнува по излекувањето и колку долго може да трае тој потенцијален имунитет. Бројни меѓународни експерти се вклучени во истражувања на оваа тема, вклучително и лекари од регионот.

Маркетинг

По прележување на вирусна инфекција, антителата остануваат во крвта долго време и штитат од повторна инфекција, но не секогаш. Одредени вируси, како што е вирусот на грип, се подложни на промена, па затоа инфекцијата предизвикана од еден под-тип не штити од друг вид инфекција. Науката знае дека инфекциите предизвикани од респираторни вируси, кои ги вклучуваат и вообичаените вируси на корона кои се причина за настинки, не создаваат долготрајна заштита, поради што едно лице може да биде заразено повеќе пати со ист тип или ист вид на вирус за време на неговиот живот.

„Досега нема доволно информации за долготрајноста на имунитетот кај лицата кои биле излечени од КОВИД-19“ – изјави познатата хрватска докторка Татјана Вилибиќ-Чавлек, раководителка на Одделот за виролошка серологија на хрватскиот институт за јавно здравје.

Маркетинг

Причината зошто луѓето кои го победиле Ковид-19 не се имуни на овој вид вирус е тоа што и тој мутира како и другите вируси. Добрата вест е дека тој мутира полека, далеку побавно од грипот, поради што се претпоставува дека имунитетот би можел да трае одредено време.

Споредба со САРС

„Коментарите што ги правиме се засноваат на претходно знаење за други човечки корона вируси. Но сега за сега не знаеме дали тоа може да се примени и на Ковид-19“ вели професорот Хсу Ли Ли Јанг, експерт за заразни болести на Националниот универзитет во Сингапур.

Кога станува збор за споменатиот САРС, важно е да се спомене студијата на научници од Тајван дека пациентите кои биле излекувани од овој вирус во 2003 година биле имуни околу три години на нова инфекција. И имаше пациенти чиј имунитет траеше осум до 10 години – вели и д-р Манасери.

Научниците проценуваат дека е неопходно да се добие колективен имунитет, односно 50 до 60 проценти од населението да стане имуно на САРС-КоВ-2, бидејќи само така може да се запре епидемијата во една земја.

Симптоми за Ковид-19

Бидејќи новиот вирус КОВИД-19 е во истата група вируси како и обичната настинка, тие имаат и слични симптоми.

Па така реакцијата на телото како што се покачена температура и грозница исто така се јавува и кај грипот КОВИД-19.

Поради сличноста вирусот потешко се открива, па затоа еве неколку совети што треба да ги имате во предвид.

На почетокот КОВИД-19 е многу сличен со настинка, со кашлање и кивање.

Настинка е ако немате температура – вели докторот Вилијам Хезлтин кој е стручњак за заразни болести.

Почетните симптоми во горните дишни патишта се слични на настинка. Но ако кашлањето почне да се движи низ градите, во подрачјето на долниот респираторен систем, тогаш луѓето треба да бидат загрижени. Тоа е знак дека би можело тоа да е од инфекцијата со вирусот корона.

„Доколку се чувствувате како да ви е во градите, а потоа и подлабоко во градите, тогаш е поприлично сериозно“, вели докторот и го додава следново:

„Тоа е моментот кога вашето тело почнува да реагира на тоа. Вашето тело претерано реагира на вирусот и создава оштетувања на градите, и тоа е моментот кога ситуацијата е најсериозна. Во моментот кога ќе премине од лесна настинка во воспаление на градите морате веднаш да посетете лекар“ вели Вилијам.

Но како што предупредува тој, луѓето најпрво треба да се јават кај докторот или во болницата, пред да одат на тестирање или лечење. Тоа ги намалува шансите заразеното лице да шири болеста, односно корона вирусот, на други луѓе при транспортот или во ординацијата кај докторот.

Сепак, во сериозни случаи, повикајте брза помош, вели тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button