Наследничката на Моника Белучи е олицетворение на убавината
Ќерката на познатата актерка има само 14 години, а нејзината убавина сите ги остава без здив
Италијанската актерка Моника Белучи се уште важи за една од најубавите жени на светот, а со нејзината грациозност и беспрекорниот изглед и во шестата деценија ги фасцинира обожавателите од целиот свет.
Нејзината постара ќерка Дева има 14 години и уште на прв поглед може да се види колку личи на својата мајка.
Моника ја доби од бракот со актерот Венсан Касел со кого беше во брак 14 години, а покрај неа ја има и ќерката Леони.
Нејзиниот поранешен сопруг пак, Винсент, неодамна стана татко и на ќерка што ја доби со младиот моден Тина Кунаки. Тие ја крстија Амазон, а заедно се од 2016 година, додека минатото лето потпишаа и официјален брак.
Малата Дева порасна во вистинска убавица, а нејзината природна убавина ја искористи познатиот моден бренд Долче и Габана. Имено познатата дизајнерска двојка за која Моника Белучи досега снимила бројни кампањи реши да ја ангажира и нејзината ќерка за заштитно лице во новата модна кампања која се снајде одлично во оваа улога.
Инаку, Дева има и свој профил на Инстаграм, а неколку нејзини фотографии што ги објавува на оваа социјална мрежа можете да видите во продолжение.