Сијамски близнаци од Пенџаб, Индија, кои биле напуштени од нивните родители и израснати во засолниште, откриле дека добиваат само една плата од работата на која работат.
Advertisement
Во едно интервју објавено на Јутјуб Сохна и Мохна Синг, кои се на возраст од 19 години, тврдат дека заработуваат само 200 фунти месечно.
Тие се вработени како електричари во Punjab State Power Corporation Limited од минатиот декември, каде што работат 12-часовни смени.
Во изјава за Индепендент во 2021 година, близнаците рекоа: „Благодарни сме на владата на Пенџаб што го препозна нашиот талент“.
ФОТО: Принтскрин
Сепак, народот е бесен откако дозна дека тие двајца делат плата.
Advertisement
Инаку, близнаците во интервјуто изјавиле дека сакаат да се венчаат со иста личност откако ќе наполнат 25 години.
Признале и дека во минатото имале заеднички љубовни интереси.
Тие имаат две срца, бубрези и ‘рбетниот мозок, како и два пара раце, но имаат заеднички црн дроб, жолчен меур, нозе и слезина.
Тие се родени во јуни 2003 година во болницата Сучета Криплани во Њу Делхи.
ФОТО: Принтскрин
Лекарите одлучиле да не ги разделат близнаците, бидејќи можело да има фатални последици за еден од нив, но и ќе доведе до васкуларна и невролошка загуба на долните екстремитети на преживеаниот близнак.
Сохна и Мохна биле напуштени од нивните родители кога имале 2 месеци
Тие ја следеле својата страст и се здобиле со диплома за електротехника.
За вработувањето минатата година, Сона рече: „Ќе работиме напорно со најголема искреност и посветеност“.
Мохна додаде: „Ние сме длабоко благодарни на институцијата Пингалвара која нè подигна, не едуцираше и ни помогна да станеме независни“.
ФОТО: Принтскрин
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .