Направи промена на имиџот и одлично ѝ прилега – македонската водителка блесна со нова фризура
Македонската водителка се пофали со новата фризура.

Александра се одлучи за мала промена, која одлично ѝ прилега.
Водителката Александра Пановска Илиевска е една од најдобро облечените жени на наштата јавна сцена.
ФОТО: Инстаграм / Александра Пановска Илиевска
Вљубеник е во модата, а тоа се гледа и по комбинациите кои секојдневно ги прави.
Александра го негува елегантниот стил и многу ретко може да ја видите во некое провокативно идание.
Секоја нејзина модна комбинација ја воодушевува публиката.
На работа или на прошетка, дома или на прослава, Александра е секогаш средена од глава до пети.
ФОТО: Инстаграм / Александра Пановска Илиевска
Ненаметливата и скромна водителка ужива слободното време да го поминува со својата ќеркичка Сара, која сѐ повеќе наликува на неа.
Александра се одлучи за мала промена на нејзината фризура и доби само комплименти за изгледот.
ФОТО: Инстаграм / Александра Пановска Илиевска
Не се плаши да експериментира со косата и многу често прави промени.
Овој не беше ништо драстично, само едно мало поткастрување кое навистина ја освежи, а насмевката на нејзиното лице кажува дека и таа е задоволна од промената.
Погледнете: