Холивуд

Наоми го украде шоуто во Париз – за ова издание зборуваат сите

Advertisement

Супермоделот Наоми Кемпбел ги изненади сите кога се појави во елегантното модно издание на забавата организирана од списанието Вог.

Advertisement

Познатиот 48-годишен модел во моментов престојува во Париз, каде е во тек модната недела, а многумина беа воодушевени кога се појави во црно бел фустан од новата колекција на модната куќа Валентино.

Таа целото издание го заокружи со еден пар црни кожени чизми и чанта која совршено се вклопи со нив, додека на лицето носеше големи очила за сонце со кои дополнително го подигна целото издание.

https://www.instagram.com/p/BunNgwBH9J1/

Advertisement

 

Косата и беше уредно врзана во ниска опашка, и целиот впечаток го заокружи со елегантен накит.

https://www.instagram.com/p/BunVxeFndrs/

 

Одличното расположение со кое буквално зрачи и феноменалниот изглед на манекенката многумина го препишуваат на нејзиното речиси двојно помладо момче. Во прашање е Лијам Пејн, поранешниот член на бендот „One Direction“ за кој се шушка дека само шест месеци по раскинување со пејачката Шерил Кол повторно е во врска, и тоа баш со Наоми.

Проблеми со косата

„Црниот пантер“ минатата година во јавноста раскажа како за малце ќе ја изгубила косата поради честата употреба на екстензии, плетенка и виткање на косата. Жените кои на овој начин и вршат тортура на својата коса можат да страдаат од централна центрифугална цикатриелна алопеција, која често пати знае да остави трајни последици.

За среќа, Наоми истакна дека нејзината коса полека закрепнува откако и даде време да почне да се опорава.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button