Надица во саботата ги шокираше сите во „Ѕвездите на Гранд“, но кога ќе видите што објавува на Инстаграм, се ќе ви стане јасно!

Во последната емисија од натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ една од натпреварувачките предизвика големо внимание, но и лавина од коментари.

Имено, пејачката Надица Вермезовиќ (28) од Ваљево предизвика големо внимание со својата провокативна појава на сцената, посебно затоа што се појави во оскудно боди со кое речиси ништо не остави на фантазијата.
Таа беше жестоко критикувана на социјалните мрежи заради својот провокативен изглед, посебно на Твитер.
„Па секако, ментор и е Карлеуша“, „Има ли таа татко“, „Го покажа мачето“ пишуваа револтираните корисници на социјалните мрежи.

И жирито сметаше дека нејзиниот стајлинг ги премина границите на добриов вкус, а најгласен беше Драган Стојковиќ Босанец.

„На мене не ми е проблемот натпреварувачот, натпреварувачот беше грозен. Почнувајќи од стајлингот, ова просто е зима, а да доаѓаш така како да одиш на плажа, тоа за мене е по малку невкусно. Имаш ли ти нешто зимско да облечеш?“ ја критикуваше Босанац по нејзиниот настап.
За што станува збор и како изгледаше Надица на настапот можете да погледнете во видеото со последната епизода од „Ѕвездите на Гранд“ (3.45 минута).

Бидејќи предизвика голем интерес, скокнавме до нејзиниот Инстаграм и заклучивме дека ова не и е прв пат да носи комбинации во кои изгледа провокативно.
Погледнете ги нејзините фотографии:








