Надал си купи нова јахта – погледнете како изгледа скапата „играчка“ на познатиот тенисер која вреска од луксуз и гламур!
Еден од најдобрите тенисери на светот неодамна ја продаде својата стара јахта, но откако веќе беше избрал нова.
Имено, Рафа Надал го продаде своето „бротче“ Бетовен од 23 метри и се почести со катамаран 80 DSanrif Pauer.
Од бродоградилиштето во Полска првиот примерок треба да пристигне на канскиот фестивал на јахти во септември оваа година, додека Надал на својот примерок ќе може да му се радува дури во 2020 година.
Надал го познава основачот на компанијата Санриф Франсис Лап, а скапата играчка е предвидена за долги пловидби и комфор. На неа ќе има место за големо џакузи и тоалет, шанк и отворена кујна и голема, луксузно опремена спална соба во која од сите страни ќе допира дневна светлост.
Под палубата се наоѓаат четири гостински кабини и неколку кабини за посадата, а предвидена е за 12 гости.
Цената на оваа скапа „играчка“ на Надал за сега не е позната, но можеме да претпоставиме дека нема да биде евтина, особено ако земеме во предвид дека неговото „бротче“ Бетовен тој го продава за три милиони долари.