Реклама
Наши ѕвезди

Навикнавме да ја гледаме средена од глава до пети, но сега е НЕПРЕПОЗАТЛИВА – еве како изгледа денес Благица Павловска

Реклама

Нејзините песни сите во еден глас ги пееме. Со право ја носи титулата кралица на фолк-музиката.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Пејачката Благица Павловска е една од најпопуларните и најуспешни фолк пејачки на македонската музичка сцена.
На сцената постои со години, но и понатаму јавноста е љубопита за неа и нејзиниот приватен живот.

Популарноста ја стекна во 90-те години, а песните како „Не можам да те заборавам“, „Чукај, чукај срце“, „Цело Скопје“ се песни без кои не може да помине ниту една прослава о Македонија.

Маркетинг
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Благица Павловска, одвреме навреме знае да се повлече од сцената, но тоа не значи дека не работи на нов материјал. Напротив, таа секогаш размислува околу следните планови на полето на музиката иако нејзините песни и после 20 години сѐ уште се пеат..

Пејачката е голем љубеник во животните и позната е по нејзината хуманост. Често на социјалните мрежи споделува објави за напуштени животни на кои им е потребна помош.

Маркетинг

Но и таа во својот дом има миленичиња.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Дека навистина не се двои од нив, докажува и тоа што на свадбата на нејзината колешка Јасмина Мукаетова се појави со нејзините три кучиња.

-Трајче, Џесика и Линда се моите срцки. Ги најдов на улица напуштени и си ги земав. Ги вдомив и сега домот ми е весел со нив. Љубов без граници е тоа. Тие само знаат да сакаат да ти дарат љубов , да те расположат. Кога ги најдов напуштени и запуштени срцето ми се скина од жал. Немаше шанса да ги оставам. Редовни посетители сме кај доктор Марин Величковски, прочистени, вакцинирани, избањати.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Јас постојано сум на релација Скопје- Охрид и тие се со мене. Се навикнаа да се возат и уживаат на задно седиште. Не ги чувам во бокс додека се возат. Тие се научени веќе на патување и нема никаков проблем. Мирни се и што е најважно ако се земени од различни места се запознаа, се засакаа и се дружат меѓу себе. И сега кога требаше со Тале да одиме на свадба кај Јасмина доаѓавме од Охрид, но потоа одевме за Скопје и немаше никаква шанса да ги оставам сами. Кога дојдовме во ресторанот вработените ни излегоа во пресрет, па ги сместивме во бокс и им ставивме вода и храна. Кога заврши свадбата си дојдовме во Скопје, изјави тогаш Благица.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Но, пред неколку месеци таа доживеа трагедија. Како што тогаш сподели на социјалните мрежи, нејзиното куче Белисима било убиено.

-На денешниов ден Петковден си замина душата на мојта миленица Белисима. Ја најдов во црква, оставена од сопственици и ја чував од срце во мојот дом… Патувај во царството небесно, ангелу мој… И раката и душата на серискиот убиец на сите мои миленици нека Бог ја осуди АМИН, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Поради коронавирусот пејачите останаа без работа и ангажмани, па некои од нив се одлучија и за промена на професијата.

Владата донесе рестриктивни мерки за угостителите, поради кои трпат и музичарите, па сите заедно се одлучија да протестираат со цел да им се дозволи да се вратат на работа.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Но, Благица Павловска изјави дека периодот на изолација воопшто не ѝ претставувал проблем, затоа што имала можност да заврши многу обврски во својот дом и успеала дури и да реновира.

Пејачката не мирува ни на професионален план, па периодот го користи и да подготви нешто ноо за својата публика. На Фејсбук сподели фотографии на кои се гледа дека е во студио и работи на нови песни.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

„Малку работно, малку на гости во Џевахир во домот на фамилија Миладиновски. Преубав поглед на скопската околина, претопол дочек на домаќините. Нека е среќно, вековито, бериќетно“, напиша Благица на Фејсук.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Благица наикнавме да ја гледаме секогаш средена од глава до пети. Важи и за една од најпривлечните жени, кои покрај своите години сѐ уште изгледаат неверојатно.

Но, на социјалните мрежи таа сподели и некои фотографии со кои изненади многумина. Пејачката нема комплекси и се максимално сигурна во себе, па токму затоа и без проблем објавува фотографии на кои е без грам шминка.

 

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button