„Навивање за нашата Македонија“- Мицкоски по напорен и тежок ден ужива со своите синови
Оваа година Македонската фудбалка репрезентација испишува историја и за прв пат ќе се појави на големо европско натпреварување, на ЕУРО 2021.
Додека со нетрпение го очекуваме првиот настап на нашите херои многумина веќе почнаа да ги собираат, а некои пак веќе и завршија со лепење на сликичките во култниот албум со сликичи на фудбалери на „Панини“.
Секако оваа година во Македонија еуфоријата за собирање на сликички е поголема бидејќи овојпат во албумот има и наши македонски фудбалери, а сликичките и албумите се трошат во рекордно време
Меѓу оние кои веќе завршија со лепење на сликичките е и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со своите синови успеаа да го наполнат албумот и гордо објавија на Фејсбук.
И покрај бројните обврски на Мицкоски како политичар и универзитетски професор, сепак најде време да ужива заедно со своите синови
„Тројцата мускетари“ ја завршија успешно мисијата, а објавија и неколку фотографии.
„Долг, тежок, напорен ден со прекрасен крај. Двајцата дома ме чекаат и во еден глас ми велат: тато ги залепивме последните пет што ни фалеа …, го наполнивме албумот, не оној семејниот, туку оној од ЕУРО 2020, со Горан, Столе, Аријан, Стефан, Дарко, Енис, Елиф и останатите македонски херои, нашата гордост.
Ова е првиот албум на Антониј и трет на Јован, продолжуваме јунаци заедно …, и секако навивањето за нашата Македонија!“напиша Мицкоски
Браво за тато Христијан и поддршката, вака се сака и навива за нашата Македонија, уште од мали нозе.
Во албумот покрај Роналдо, Мбапе, Рамос, Меси и многу други овојпат стојат и сликите на нашите Пандев, Елмас, Нестороски, Барди, Адеми, Алиоски …
Веќе се познати имињата на сите 24 репрезенатиции кои ќе учествуваат на 16. Европското првенство во фудбал. Првпат во историјата учесник на континеталното првенство ќе биде и Македонија. Македонската селекција е сместена во Ц-групата, а противници ќе ѝ бидат Австрија, Украина и Холандија.
Европското првенство ќе биде отворено на 11 јуни со натпреварот помеѓу Италија и Турција. Македонија првиот меч ќе го одигра во Букурешт против Австрија, четири дена подоцна Пандев и екипата ќе играат против Украина, а последниот меч во групата против Холандија на програмата е на 21 јуни.
По тој повод се подготвува и официјална химна.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во соработка со македонски музичари ќе подготват официјална химна, останува да навиваме за нашите херои со цело срце!