Наши ѕвезди

Мускулите на Дарко атрофирале потполно – планира да се регенерира со посебен третман!

Advertisement

Пејачот Дарко Лазиќ планира по излегување од болницата да направи промена на крвта бидејќи смет дека така ќе го регенерира својот организам и ќе го забрза процесот на оздравување.

Advertisement

„Откако пред нешто повеќе од месец дена доживеа тешка сообраќајна несреќа, Дарко се соочи со сериозни здравствени проблеми и животни предизвици. Но за среќа, иако неговиот живот висеше на конец, откако дозна дека неговата Марина е бремена, почна интензивно да размислува за иднината. Најмногу се грижи околу тоа колку време ќе му треба да застане на здрави нозе, но подготвен е да направи сé како за брзо време би бил покрај својата свршеничка“, вели извор близок до семејството и објаснува дека по излегување од болницата планира да ја промени крвта.

„Ќе мора многу да работи на себе како повторно би можел нормално да функционира. Ќе мора долго време да оди кај физиотерапевт, а самата помисла на тоа му задава тешки маки. Едноставно врзан е за креветот повеќе од месец дена, мускулите му атрофираа, телото му е ослабено и ќе треба постепено и полека да се подига од креветот и да почне да прави вежби, како воопшто би можел да застане на нозете. Поради тоа и планира да го регенерира организмот со тоа што ќе направи третман за промена на крвта“.

https://www.instagram.com/p/BhPrfNkB2gZ/

Advertisement

 

„Дарко веќе се распрашувал во кои клиники се прави оваа процедура и колку ќе го чини, а докторите му објаснија дека со овој третман ќе му вбризгаат млада и свежа крв. Инаку, на ваков третман се подвргнуваат оние кои константно се борат со чувство на изнемоштеност, а откако ќе ја завршат процедурата заморот престанува. Погрешно е некој да мисли дека Дарко сака да ја промени крвта по примерот на некои познати рокери, кои тоа го прават секогаш кога ќе претераат со дрога и алкохол“, вели изворот за Ало.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button