CelebrityНовости

МУВА не го лази за децата и сопругата- мажот на Тања Савиќ ЛУМПУВА ДО ЗОРИ со други жени

Advertisement

Сопругот на пејачката лумпува до зори.

Advertisement

Пејачката Тања Савиќ која со месеци води борба со сопругот Душан Јовановиќ околу синовите, кој тој ги однесе во Австралија, а сопругот на пејачката долго време не е виден во јавноста- се до сега.

Медиумите во Србија објавија снимка на која јасно се гледа како Душан изгледа денес. Сопругот на Тања ја обоил косата руса, и на снимката се гледа како тој е на забава и се гушка и се бакнува со една русокоса.

Advertisement

Како Тања ќе реагира на оваа снимка, останува да видме.

За потсетување, неодамна јавно ја раскажа својата агонија која и се случува во приватниот живот. Таа изјави дека се ќе направи за да си ги земе децата од Австралија.

-Да не беше короната и целата оваа ситуација што ми се случи со парите, одамна би била во Австралија. Јас се потпирав на неговата добра волја, човечност и законот. Не велат за џабе дека правдата е бавна, а да видиме дали е достижна. Зборував со моите и единствено решение е моментално да одам во Австралија и да се борам за децата, рече таа.

Пејачката верува дека нема да биде лесно, но и дека нема друго решение.

-За жал, мислам дека во ваква ситуација само мајките може да ме разберат. Ќе видам од кого ќе позајмам пари, не е мала сума, па ќе ги враќам од настапите.

Се надевам дека ќе ги имам. Децата веќе сѐ под негово влијание и кога ќе успеам да ги добијам, сѐ повеќе се воздржани и студени.

Тој може да прави со нив што сака и да ги насочува како сака. Не смеам да чекам, па да стане доцна за сѐ“, заклучи пејачката.

Тања Савиќ веќе пет месеци е одвоена од синовите Максим и Ѓорѓе, откако нејзиниот, сѐ уште законски сопруг Душан Јованчевиќ, бесправно ги однесе во Австралија.

 

Фото: Инстаграм

 

 

Фото: Инстаграм

Некогаш Тања и Душан беа навистина среќни, но сета таа среќа исчезна за час. Пејачката како што изјавуваше дека никогаш во животот не насетувала ниту почуствувала дека ќе доживее вакво нешто.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button