Моменти што ќе ви го разубават денот: Таско ја покажа својата нежна страна – гледа во неа без да трепне (фото)
Во своите спотови глуми лошо момче, а во приватноста е целосна спротивност.

Таско сподели видео кое ќе ве разнежни.
Раперот Кристијан Тасковски е еден од најпопуларните македонски рапери, кој освен на македонската, добро ѝ е познат и на српската публика.
ФОТО: Инстаграм / Таско
Досега има неколку соработки со познатите балкански музички имиња.
Уште од дете започнал да плови во музичките води и секој заработен денар го вложувал во музиката.
ФОТО: Инстаграм / Таско
Раперот работи со полна пареа и многу ретко сака да зборува за својот приватен живот.
Скоро ништо не се знаеше за него пред д одлучи јавно да проговори за љубовта меѓу него и неговата сопруга Таша Реј.
ФОТО: Инстаграм / Таско
Таша и Таско е во брак од 2022 година, а годинава во јуни станаа родители на малиот Лукијан.
Улогата на татко целосно го промени раперот, кој сѐ почесто во јавност ја покажува и онаа другата, понежна страна.
ФОТО: Инстаграм / Таско
Во видео записите глуми бунтовно и лошо момче, реалноста е сосема поинаква.
Таско обожава да го поминува времето со своето семејство.
ФОТО: Инстаграм / Таско
На својот Инстаграм профил сподели видео на кое танцува во една од скопските кафеани, на песна од Тозовац, додека во прегратките држи мало бебенце.
Видеото ги стопи сите и мора да се признае дека одлично му прилега да биде татко и на ќеркичка.