Моите деца, одеа како скитници, а јас уживав во животот: Победникот на „Никогаш не е доцна“ има бурно минато – потресна исповед на пејачката Зорица!

Музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ нуди шанси на луѓето кои имаат талент без разлика на нивните години да се престават пред балканската публика, и да си го остварат нивниот сонот.
На овогодишнешното натпреварување победи пејачката Зорица Ериќ, каде освои најмногу гласови од публиката.
Зад себе има бурно минато, но успеа да сврти нов лист во животот што и самата таа прозборе.
– Губев емоции кон децата, бев сопруга насочена кон своето лично задоволство. Моето семејство патеше, а мене тоа не ме интересираше.
Моите деца немаа облека да носата, но јас трошев на глупости, рекла Зорица своевремено, а сега открила дека луѓето ја осудувале што јавно прозборе за минатото.
– Мојата приказна навистина е поучна и ја раскажав во емисија за да им дадам надеж и пример како човек со своите проблеми може да излезе на крај.
Ни во еден момент не се покајав што прозборев за време на натпреварувањето „Никогаш не е доцна“ бидејќи сметам дека на многумина им користи, рекла пејачката.
Не крие ни дека благодарение на семејството и музиката успеала да излезе од „канџите“ на порокот како и дека победата пд страна на СМС гласачите и го промениле животот.
– Ова е моја прва награда, прво натпреварување на кое сум учествивала, оваа награда ми даде уште поголема сила да се борам и ми покажа дека луѓето ме сакаат.
Се уште не сум успеала да најдам вистински зборови со кои ќе ги опишам чувствата. Многу е важно дека од таа ужасна приказна излегов како победник и што моите сограѓани ми ја вратија довербата во мене. Ова е само потврда и како ветер во грб, сила, заклучила Зорица.