Реклама
Вести

Многу важен обичај за Василица: Никако не го правете ова, ќе ве тера баксуз цела година

Реклама

Во недела е големиот празник Василица за кој има неколку обичаи.

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Маркетинг

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

Маркетинг

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина.

Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат. Некогаш домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави.

Се гледа и времето, ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна.

Сувото време носи суша.

Обичај кој се задржал и денес е да се помолиме за здравје и среќа.

На овој ден никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги.

Голем број македонски семејства ја празнуваат Василица како домашна слава, а оние што го носат името на свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кршат и пита со паричка и исто така се верува дека оној на кој ќе му се падне паричката ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народните верувања, ги прогонува лошите сили.

Во голем дел од градовите низ Македонија се организираат маскенбали, или популарно наречени василичарски карневали. Нивното одржување се поврзува со испраќањето на Старата година и дочекот на Новата, за која се верува дека треба да биде подобра и посреќна.

Според теолозите, токму во житието на свети Василиј лежи причината поради која на овој ден се дели лепче со паричка.

– Во времето кога свети Василиј Велики станал архиепископ кесариски, епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кесарија да ги донесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството.

Епархот се изненадил и одбил да земе што било, ниту пак го ограбил градот. Свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на новогодишната вечер, не знаејќи што кому му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, ги замолил готвачите да направат мали лепчиња за секој верник. Во секое лепче ставил малку накит и златници. На денот на Нова година, кога сите луѓе дошле в црква, тој на секој му дал по едно лепче. Тоа што секој го нашол во лепчето било токму тоа што претходно го дал – пишува во житието за свети Василиј.

За спомен на овој настан и денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Нова година (по стариот календар,) да се меси лепче со паричка во него.

Стара Нова година, односно почетокот на православната година по јулијанскиот календар, покрај верниците на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, ја слават и Српската и Руската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од Света Гора.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button