Многумина му го честитаа роденденот на Заев, но најубавата честитка премиерот ја доби од неговата ќерка Александра
Ќе се слави во домот на Заеви.
Премиерот на Македонија денеска ќе дува свеќички, односно слави роденден.
Зоран Заев е роден во 1974 година во Струмица, тогаш во СФР Југославија. Израснал во земјоделско и традиционално семејство, опкружен со членови на семејството кои, според неговата владина биографија, биле „просперитетни бизнисмени, активни и почитувани во социо-политичката и економската сфера на македонското општество“.
Заев се зачленил во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во 1996 година. Во 1997 година дипломирал на Економскиот факултет во Скопје каде продолжил со постдипломски студии по монетарна економија и финансии. Истата година бил вработен во семејното трговско друштво „Тргопродукт“ од Струмица каде напредувал до директорската функција која ја презел во 2001 година. Во периодот од 1998 до 2003 година дополнително вршел неколку други функции, членувајќи во управните одбори на неколку локални компании и бил претседател на управниот одбор на јавното комунално претпријатие на Струмица.
Тој од 2017 година е премиер на Македонија. Заев бил градоначалник на Струмица од 2005 до 2016 година, а пред да стане градоначалник, од 2003 година бил пратеник во Македонското собрание. По заминувањето на Бранко Црвенковски, Заев го презел раководството на СДСМ во 2013 година.
Заев е во брак со Зорица со која имаат две деца, Александра и Душко, а првата честитка на социјалните мрежи премиерот ја доби толку од својата ќерка.
Имено таа објави фотографија на кратките Инстаграм приказни на која позира заедно со својот татко и напиша „Среќен, посреќен, најсреќен роденден!“
Инаку во едно интервју Зоран Заев за својата ќерка рече дека таа имала голема желба да стане докторка па затоа се запишала на медицина. Тој кажа дека за првпат во фамилијата Заеви ќе имаат еден лекар.
Заев објасни дека таа ја избрала Бугарија, а не Македонија зошто тука би била ќерката на премиерот, а не како обичен студент, а таа не сакала така да ја гледаат.
Оние што ја познаваат Александра велат дека личи на својата мајка. А такви се и коментарите под секоја фотографија што таа ја објавува. „Вистинска убавица“, „Копија на мајка си“, „Ќерка на македонскиот крал“ … се само дел од комплиментите за Заева.
За нејзината убавина сведочат и фотографиите кои таа ги постира и на својот
Инстаграм профил каде е повеќе од евидентно дека Александра е вистинска убавица!