Младата мајка (19) што го изгуби бебето додека се бореше со канцер почина неколку недели подоцна – Сега се заедно на небото!
Тинејџерката кој храбро го одложи третманот за лечење рак за време на бременоста, ја изгуби битката за живот неколку месеци откако почина и бебето.
За Бријана Раулингс пишуваа сите портали и весници по несебичниот чин со кој што сакаше да му даде на својот еднороден син Кајден поголема шанса за преживување додека се бореше со леукемија. Но за жал, судбината и за двајцата имаше многу посуров план.
Бријана, 19, неодамна објави фотографија на нејзиниот Фејсбук на која се гледа како го држи нејзиното бебе кое беше родено со итен царски рез. Но, малечкото ја загуби битката за живот само неколку дена по неговото раѓање. Младата девојка од Сиднеј беше во својата 17-та недела од бременоста кога и беше дијагностицирана леукемија, агресивна форма на рак на крвта.
Лекарите и рекоа дека може да избере помеѓу прекинување на бременоста и породувањето, што од друга страна пак, би значело одложување на нејзиниот третман.
Сепак, таа реши да продолжи со бременоста, а поради силната болка и температура, мораше предвремено да се породи, па малиот Кајден се роди три месеци порано. Само 12 дена по раѓањето, бебето почина од инфекција на желудникот, пренесува „Јутарњи лист“.
Бријана потоа за „Дејли мејл” изјави дека 12-те дена што ги поминала со своето бебе била толку посебни и дека тоа биле 12 најубави денови во нејзиниот живот. Нејзиното здравје почна да се подобрува на почетокот откако се породи, а потоа одеднаш се влоши повторно.
Откако се покажа дека трансплантацијата на коскената срцевина од нејзиниот брат не е можна, нејзиното семејство почна да собира средства за скапите лекови кои би можеле да го спасат животот на Брајана.
Таа ја изгуби својата битка на 29 декември, по само две дози од лековите, неколку дена по нејзиниот 19-ти роденден. Нејзината сестра ја објави веста за смртта, велејќи дека Бријана сега е повторно со својот син.
„Ние сме целосно потиштени, но за нас е и полесно истовремено, бидејќи знаеме дека повеќе не ја боли и дека повеќе не се мачи без да знае што ја чека. Те сакаме до ѕвездите и назад, убава девојка, летај високо и води ги оние кои не знаат како понатаму без твојата прекрасна насмевка – напиша нејзината сестра Корт Раулингс на страната „GoFundMe“ каде што собираа средствата за лечење на Брајана.