Младата Барбара ужива во празничната магија во нејзиниот дом- Мама Мелита се погрижи се да изгледа БЕСПРЕКОРНО
Убавата инфлуенсерка и поранешна водителка покажа како изгледа нејзиниот дом.
Мелита Ракичевиќ или позната како македонската Брижит Бардо секогаш знае како да привлече внимание, а овојпат тоа го направи со нејзиниот беспрекорен стил за декорации.
Мелита ја покажа празничната магија во нејзиниот дом, кој е луксузно украсен и со многу вкус за претстојните празници.
Елката украсена со сребрени и бели лампиони, украси и декоративни чаршафи, додека нејзината ќерка Барбара заедно со своите миленичиња уживаа во прекрасната атмосфера.
Нема сомнеж дека двете дами се потрудиле за да го направат нивниот дом вистинско катче за уживање.
Инаку Мелита важи за жена која ужива да провоцира со својот стајлинг, но тоа секогаш го прави со вкус и стил.
Таа неодамна позираше во претесен фустан со долги ракави, но во издание со кое никого не остави рамнодушен.
Мелита позираше во занесна поза и очигледно ја избра најпpoвкативната слика за своите верни фанови.
Заедно со нејзината ќерка Барбара тие изгледаат неодоливо, па каде и да се појават никој не останува рамнодушен на нивната убавина.
Инаку младата Барбара порасна во вистинска убавица, па тргна по стапките на мама Мелита и работи како водителка за „Бекстејџ‘, но има талент и за пеење.
Младата Барбара е активна на социјалните мрежи и често знае да покаже дека иако многу млада има беспрекорен стил и убавина.