Реклама
Вирално

Мистерија во Шведска, светот во шок – нема карантин, а бројот на жртви постојано се намалува! Еве што велат научниците

Реклама

Оваа земја во последните неколку дена бележи најмал број на жртви од новиот корона вирус.

Вчера животот го изгубија 20 лица од коронавирусот во оваа земја, додека претходните два само 17 лица, односно 12.

Маркетинг

Ова е голем пад на бројот на жртви од претходните денови, особено во споредба со средата претгодната недела кога животот го изгубија повеќе од сто луѓе. Покрај тоа, забележано е и големо намалување на бројот на нови случаи.

Шведска не се откажува од благите мерки

Само да потсетиме, за разлика од поголемиот дел од Европа, Шведска не воведе строг карантин, не затвори училишта, кафулиња, ресторани и барови. На луѓето не им е забрането излегување, но се препорачува тие да се изолираат веднаш штом ќе забележат најмал симптом на вирусот корона. Забрането е собирање на повеќе од 50 лица.

Маркетинг

На најранливите возрасни групи или лица над 70 години ги советуваат да не ги напуштаат домовите и да ги намалат социјалните контакти.

Останатото население може слободно да се движи, а Швеѓаните се надеваат дека помладата и посилна популација ќе развие имунитет и со тоа ќе ја надминат кризата.

Два дена откако Шпанија прогласи карантин на 14 март, Шведска ги советуваше своите граѓани да ги мијат рацете и да останат дома доколку почувствуваат симптоми. Десет дена подоцна, граѓаните беа советувани да не создаваат гужва во кафулињата и рестораните, но сепак беа отворени.

„Затворањето на училиштата би претставувало голем удар за здравствениот систем затоа што многу од вработените не би можеле да доаѓаат на работа, па ќе мора да останат дома со своите деца. Децата исто така би страдале затоа што не би можеле да одат на училиште, а тоа не е она што го сакаме“ – рече шведскиот епидемиолог Андерс Тегнел.

Дописникот на Си-Ен-Ен со седиште во Стокхолм изјави дека има многу помалку луѓе на улиците и во метрото и дека е очигледно дека граѓаните ги почитуваат упатствата, но и дека јавната свест многу се разликува од некои други земји. Додека некои дури и не сакаат да ги бакнуваат своите најблиски, други организираат велигденски ручеци и забави.

Но, има и такви кои воопшто не се согласуваат со шведската тактика.

Неименуван член на владата рече дека владата не успеала да ги заштити старите лица, за што најмногу се разговарало.

Посетите на домовите на пензионерите и старите лица беа укинати на 1 април, а сега почнува да се шири зараза што ќе биде тешко да се контролира. Не е задоволна ни Светската здравствена организација, која ја повикува Шведска за многу построги мерки и подобра подготовка за огромното зголемување на бројот на заразени лица, што смета дека ќе биде неизбежно во оваа земја.

„Во моментов, никој во светот нема точни упатства како да се бори против оваа болест. Шведската стратегија не вели дека вирусот е слаб и дека го потценуваме – напротив – ние сме свесни за ситуацијата, но нема докази дека строгиот карантин што, како што на пример го има во другите земји, е подобар од нашиот модел. Само по шест месеци ќе можеме да ја нацртаме линијата и да кажеме кој пристап е подобар“ – изјави шведскиот невролог и анестезиолог Кла Хултлинг за Слободна Далмација. Тој вели дека менталитетот на Швеѓаните се разликува од луѓето од Медитеранот и дека Швеѓаните кога им било кажано дека не треба да направат нешто, постапиле соодветно без строги забрани.

„Не можете да ја уништите целата економија, да затворите сè во нивните домови, а притоа и не сте сигурни како таквите мерки навистина ќе влијаат на епидемијата. Мерка за целосна блокада, сигурно, може да ја уништи економијата и животите на граѓаните и тоа да нè удри полошо од вирусот. Тоталниот карантин, гледаме дека на пример во некои земји делува, но по која цена и до кое време треба да се одржат таквите мерки? Нашата стратегија е да ги намалиме контактите, особено на постарите и оние со хронични заболувања. Сите заразени лица и сите нивни контакти се ловат, системот е поставен така што вистински ќе ги изолира семејствата и пријателите на заразените, а не целата држава. Ова функционира засега затоа што Швеѓаните нема, ако се во изолација, да излезат и да ги загрозат другите“ – вели докторот.

Тој додава дека моделот што го користи Шведска можеби нема да успее во некои други земји.

Шведскиот модел

Во разговор со еден наш сограѓанин, кој веќе долго време живее и работи во Шведска, ни потврди дека луѓето се уште одат на работа, децата во училиште, продавниците работат нормално, како ништо да не се случува. Тој ни спомена дека оди на работа како и претходно, а единствената разлика што ја забележал е што последните неколку дена докторите ги советуваат лицата постари од 80 години, доколку се разболат, да не одат во болница, туку да останат дома.

Се уште се дозволени јавни собири, границите се отворени за сите граѓани, па дури и за барателите на азил. Не постои забрана за патување, постојат само препораки на граѓаните без потреба да не патуваат надвор од местото во кое што живеат. Премиерот Стефан Лофвен ги поттикнува граѓаните кои не се во ризичната група да продолжат со обичните активности колку што е возможно тоа, како на пример да порачуваат храна од локалните ресторани.

Клучните одлуки во оваа земја не ги носат политичари, туку група стручни лица од Заводот за јавно здравство (Folkhälsomyndigheten) под водство на државниот епидемиолог Андерс Тегнел. И самиот премиер во четвртокот изјави дека Шведска е подготвена на сите неопходни мерки, но и дека може само да повтори да се држат до упатствата на Тегнел.

Нема потреба за присилни мерки бидејќи луѓето во Стокхолм се држат до советите исто како и во другите европски градови кои се во карантин. Работите функционираат добро, во склад со шведскиот модел, и сигурни сме дека ќе бидеме подеднакво успешни во оваа ситуација како и другите земји, изјави Тегнел за шведскиот дневен весник Dagens Nyheter.

Но Швеѓаните не се уверени дека тој и неговите соработници се во право. Кога ќе се погледне картата на Европа, проблематично е тоа што само во Шведска основните училишта и градинки не се затворени, а образовните институции работат нормално само уште во Белорусија и Русија. Шведска пред недела дена им наложи на гимназиите и факултетите да преминат на онлајн настава, но за затворање на сите училишта се уште нема никакви мерки.

Помеѓу редови можат да се забележат три главни причини за ваквата шведска одлука. Прво, постои страв дека со затворање на школите и градинките родителите ќе бидат приморани да ги напуштат работните места, меѓу кои и некои кои се клучни за функционирање на општеството, додека другите деца ќе мораат да ги чуваат припадници на ризичните групи – бабите и дедовците кои ќе бидат изложени на зараза.

Втората причина е на родителите да можат без грижа да им се посветат на работните обврски, што е важно за економијата.

Третата причина која во Шведска никој не ја кажа јавно, но многу медиуми ги објавија зборовите на еден истакнат белгиски епидемиолог според кој неговата земја згрешила што ги затворила основните училишта.

Тој смета дека малите деца, кои немаат фактор на ризик, свесно да бидат изложени на вирусот.

Бидејќи тие ретко заболуваат и имаат поблаги симптоми, побрзо ќе закрепнат од болеста и ќе развијат одредена доза на имунитет на новиот коронавирус, што ќе биде многу корисно за создавање на имунитетот во иднина.

Владата во Шведска пред недела дена претстави програм со кој на компаниите што се погодени од кризата ќе им бидат дадени 30 милијарди евра.

Од друга страна и јавното здравје во оваа земја ситуацијата ја сфаќа крајно сериозно, а за тоа зборуваат и нивните стожери по региони според чии извештаи зборуваат дека од новиот вирус ќе се разболат најмалку 60 % од популацијата и дека целта е да се развлече оваа бројка колку може повеќе низ времето, односно да се влијае на кривата со што целиот здравствен систем не би се распаднал, но истовремено и да се обезбеди барем одредена економска активност.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button