Реклама
Наши ѕвезди

Мими откри интересни детали за „Ѕвездите на Гранд“ – Карлеуша каква не ја знаеме

Реклама

Пред неа е дефинитивно голема музичка кариера, со која сите ќе се гордееме. Младата македонска пејачка Мими Јовановска започна да го освојува регионот со учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Мими обожава да пее народни песни, и со нејзините изведби секогаш го импресионира жирито на музичкото шоу, но и публиката. Веднаш по нејзиното појавување таа ја освои пбуликата и се здоби со огромна популарност.
За неа жирито често вели дека има предиспозиции да извојува победа на шоуто.

Маркетинг

Македонија навиа и стиска палци за Мими да стане победник. Нашата земја доживеа Македонец да победи откако охриѓанецот Ристе Ритески победи и беше првиот Македонец кој победил на ова шоу. Сега сите се надеваме дека и Мими ќе го достигне неговиот успех.

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

Таа уште со својот прв настап беше освежување и изненадување како за жирито, така и за публиката. Нејзиното прво „ДА“ следуваше од Џенан Лончаревиќ, додека Ѓорѓе Давид викаше на сиот глас „Таа може“.
Мими во интервју за ММС.мк откри дека дава сѐ од себе да ја оправда доербата која ѝ ја дава публиката.
-Секако дека очекував затоа што го давам својот максимум и многу вложувам во себе, затоа се пријавив на таква голема сцена и на такво големо натпреварување како што е „Гранд“, открива Мими.

Маркетинг
ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

Со своите интерпретации таа ги освојува публиката и жирито, а најмногу нејзиниот ментор Џенан Лончаревиќ.
-Таа има се што и е потребно на една пејачка. Има добар фалсет, добра динамика, изјави тој во една пригода за неприкосновениот талент на Мими.

За сорботката со него Мими вели дека е пресреќна што токму тако уметник може да ѝ помогне да напреува и дека е горда што е дел од неговиот тим.

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

Пред неколку месеци таа го остави жирито без зборови со својата изведба на безвременската бала од Пепи Бафтировски „Ако згрешам нека изгорам“ и „Животе мој“ од Уснија Реџепова.. Младата Мими оваа песна ја изведе на генијален начин и предизвика овации кај публиката.

Од жирито доби само комплименти и пофалби зборови за изведбата. Сите беа воодушевени посебно што Мими до самата проба ја немала слушнато втората песна, но брзо ја научила и ја репродуцирала генијално, што посебно ѝ се допадна на Марија.

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

Марија Шерифовиќ тогаш спомна дека Мими со тоа треба да им биде пример на сите кандидати кога ќе кажат дека не знаат некоја песна дека треба да ја научат како неа.

Мими откри и детали за најпопуларниот лик од жирито Јелена Карлеуша. Таа вели дека не ја запознала пејачката позади сцената, но дека кандидатите кои се дел од нејзиниот тим велат дека Карлеуша е целосна спротивност од она што е зад сцената. Што значи дека е пријатна и секогаш достапна за своите кандидати.

Нејзина најголема поддршка во шоуто секако се нејзината мајка и нејзиното момче Филип. Тој ја придружува Мими на секое патување во Белград.

– Секогаш ми е поддршка, ми укажува на моите грешки при настапот и се труди да ме мотивира, изјави таа за ММС.мк

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

Инаку, пејачката откри дека не знаела дека е пријавена во шоуто, сѐ додека не добила телефонски повик од тимот на Гранд.

Во шоуто ја пријавила нејзината мајка. Талентот за музичката убавата Мими го наследила од неа.
Освен талентот, Мими ја наследила и убавината од својата мајка, а тоа може да се забележи од фотографиите кои пејачката ги споделува на социјалните мрежи.

Нејзината мајка и помладиот брат живеат во странство, па Мими а Мими е најсреќа кога тие се враќаат во Македонија.

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

Она по што Мими се одвојува од останатите кандидат, освен прекрасниот глас е и нејзината скромност.

Младата пејачка е труди да го задржи своето достоинство и отменост, па скоро никогаш ја немаме видено во провокатвно издание.

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

Смета дека разголувањето на сцената е е пресудно за достигнување на голем успех.

– Секој треба да го даде тоа што го има.Јас мислам дека Господ ми дал глас и треба тој да го дадам на публиката и не би сакала да “успеам” на тој начин со разголување, сепак да се вратиме на старите вредности, дека квалитетот на тоа што го работиш треба да е пресуден, а не изгледот и убавината, изјави пејачката.

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

 

ФОТО: Мими Јованоска / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button