Реклама
Наши ѕвезди

Милионерите скрија од коронавирусот, еве каде побегнаа од страв од пандемијата, луксуз каков што не се замислува

Реклама

Тврдината од Викторијанско време „No man’s” е направена да ја штити Велика Британија од инвазија, а денеска би можела да послужи за изолација во текот на епидемијата од коронавирусот.

Многу милионери фрлија око на ова здание, откако речиси сите земји на светот тргнаа во борба против смртоносната зараза. До тврдината може да се дојде со брод или со хеликоптер. Некогаш била хотел со четири ѕвезди, 23 посебни соби и пет тематски барови.

Мајк Клер во 2009 година ја купи тврдината “Spitbank”, a утврдувањата”Horse Sand” и “No Man’s” три години подоцна.

Маркетинг

Ваквите тврдини би можеле да бидат совршено место за карантин. Милиони Британци се изолирани во своите домови поради епидемијата на КОВИД-19. Бројот на заразени во Велика Британија е над 2.600, а 111 лица и подлегнаа на болеста.

Би можела да стане луксузен дом, откако сопственикот Мајк Клер поднесе барање за пренамена и реновирање. Постојат три вакви утврдувања во мореузот Солент кој го дели островот Вајт од остатокот на Англија. „No man’s” се наоѓа на околу 1,6 километри од базата на кралската морнарица Хантс во Портсмут.

Маркетинг

Тврдината близу брегот ја југот на Англија би можела да стане атрактивна дестинација за живеење, зошто сопственикот Мајк Клер минатиот септември одлучи да ги продаде. Тогаш се веруваше дека тврдините како „No man’s” и „Ѕрitbank” заедно вредат околу 8 милиони фунти, но сегашната ситуација би можела да ја смени цената.

Тврдината „No man’s” има светилник, игралиште со ласери, ресторан и спа центар. Милионерот Мајк Клер побара од Советот на окугот Вајт дозвола да ја претвори тврдината во единствен станбен објект. Плановите на неговата компанија се однесуваат на промена на концепцијата хотел и пренаменување во куќа во 15 спални соби среде Солент.

Во времето додека „No man’s” беше хотел можеше да прими до 200 гости, со цена за ноќевање од 990 фунти. Туристите можеа да дојдат до неа со брод или авион, а потоа следува забава во баровите или опуштањее во хидромасажна када на покривот од хотелот. На површина од околу 9.200 квадратни метри се наоѓаат 23 соби за гости и персонал, светилник, хидромасажни кади, сауна и хелиодром.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button