Миленичката на Тито и Фидел Кастро со својата убавина ја маѓепса цела Југославија – по пет години откако ја нема, предметите на распордажба!

Таа беше миленичка на Тито.
Пејачката на народната музика Уснија Реџепова почина пред пет години на 1. октомври, по долгата и тешка болест, а зад себе остави големи хитови.
Кариерата ја започнала на свои 16 години во 20.век.
Оттогаш објавила девет албуми и 15 песни. На нејзиниот репертоар воглавно се наоѓаале македонските народни песни, освен тоа пеела и на ромски и на турски јазик.
Голема популарност и донела улогата на Коштана, преставата на репертоарот на Нардниот театар во Белград била цели 25 години,а Уснија во Кошатана одиграла повеќе од 150 пати.
Како тогаш што се пишувало и зборувало, Тито бил воодушевен со убавината на Уснија Реџепова, а ја запознал кога била повикана да ги забавува гостите на неговиот имот.
По настапот и пришло обезбедувањето на Тито и, и рекло дека претседателот сака да ја запознае.
Уснија го воодушевила и мексиканскиот амбасадор кој рекол дека сака да има една плоча од неа.
Дури и Фидел Кастро кубанскиот претседател бил воодушевен со нејзината убавина.
Во 2015 година Уснија Реџепова починала на 69 години по долгата борба со ракот, а оваа вест го растажи целиот регион, па потоа и голем срам.
Имено, на еден профил на Фесјбук осамнал оглас во кој пишувало дека се продаваат антиквитетите на Уснија Реџепова, како и нејзиниот клавир, кој и ја красеше нејзината вила. Тоа што било најбизарно е што се продавал и креветот на починатата Уснија каде ги поминала последните денови.
Пријателот на Уснија бил шокиран од овој потег:
– Шеле и Уснија создадоа многу. Често менуваа станови и куќи. Едно време имаа стан во Белград , потоа си купија дворец. Куќата е преполна со многу вредности. Уснија носеше антиквитети од сите страна на светот.
Го освои светот со својата песна, а секогаш нешто носеше. Тоа не беа сувенира, туку навистина скапи работи. Клавирот и сите тие антиквитети што Уснија ги обожаваше, па како и креветот во кој ги помина полседните денови сега се на продажба.
Умееше на клавирот да свири за пријателите и да пее кога имаше забави, за него беше многу врзана. Тоа е ужасен срам, наместо работите на Уснија да одат во некој музеј, ккао експонат, во сеќавање на една од најголемите ѕвзеди на сите времиња, тие се продаваат по огласи.
Тоа најверојатно го имаат стaвено нејзиниот брат и нејзината снаа бидејќи таа само нив ги имаше, рекол пријателот на Уснија за медиумите.
Уснија навистина била една од најтрактивните жени во Југославија, погледнете како изледала пејачката во нејзините најдобри години.. Како што освојувала со моќниот глас, така и со нејзината убавина.