Реклама
Вирално

Мила Царовска го испрати својот син на училиште – еве што му порача министерката на детето, многумина ќе се изненадат!

Реклама

Министерката за образование, Мила Царовска како и многу родители во Македонија, денеска го испрати својот син во училиште.

Таа со насмевка на лицето го испрати нејзиниот син Давид во училиште и напиша дека му порачала да се придржува кон пропишаните протоколи.

Маркетинг

Конечно, детскиот џагор се врати во училиштата, што посебно ме радува, пишува министерката за образование и наука, Мила Царовска на својот фејсбук-профил и објави фотографија.

– На син ми Давид, којшто е четврто одделение, денеска кога го однесов на првиот час му порачав да се придржува до правилата кои ни ги наметна пандемијата – задолжително да носи маска додека е на затворено и често да мие раце, напиша Царовска и додава:

Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска

– Му реков, дека тоа е така затоа што треба да се заштити себе си, а со тоа и другите, бидејќи само така можеме подолго да го задржиме џагорот на учениците во училиштата. Му посакав и успешно совладување на новите наставни програми и максимално користење на дигиталните материјали за учење кои се новина од оваа година, вели Царовска во својот пост.

Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска

Сепак таа охрабрува и додава дека сето ова, ниту малку не треба да ја намали радоста на децата, затоа што и да носиш шарена маска е и да учиш од таблет е интересно.-Среќна учебна година на сите ученици, им посака министетката.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска

Таа напиша и дека е среќна што ги гледа училниците полни со деца и наставници.

– Посакувам овој модел да потрае подолго, бидејќи најдобра опција за сите ученици е да бидат во училишните клупи, напиша Царовска.

Царовска ретко објавува детали за својата приватност, но во една прилика зборуваше за својот син, па раскажа дека се вратила на работа кога нејзиниот син имал само шест месеци.

Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска

Царовска живее во неформален брак со Горан Сеоргиев со кој има едно дете, па иако ретко објавува приватни фотографии понекогаш знае да направи исклучок.

Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button