Реклама
Наши ѕвезди

Милан Станковиќ ѝ порача на колешката Тијана дека песната ѝ е ѓубре: Таа брутално му одговори, естрадата во шоk од нејзината порака

Реклама

Пејачката Тијана Милентијевиќ (21) предизвика лавина и ги остави без текст милионските гледачи кои го погледнаа спотот за нова песна „Жена од султана“ која за само три недели си урна рекордите на летните топ листи. Публиката е поделена, а коментари има и многу позитивни, но и многу негативни.

Младата девојка од Крагуевац која на 14 години се натпреваруваше во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ и влезе во финале, а народот ја запозна како весело девојченце. Песните подоцна се нижеа во склад со нејзините години, но не се истакнуваше се додека Шаран Алегро не и ја понуди песната „Жена од султана“, која таа ја прифати без размислување. И не се каеше.

Маркетинг

Поради оваа песна, Тијана ја викаат „жената од султанот“, а таа пред камерите на порталот Нова.рс откри како преку ноќ стана славна, како изгледала работата на целиот проект, силиконите, преселбата во Белград, и за негативните коментри на нејзините колеги.

Маркетинг

„Пораснав. Кога се натпреварував во Ѕвездите на Гранд имав само 14 години. Позрела сум како личност и луѓето подобро ме прифаќаат. Порано снимав песни чисто за да остане нешто од мене зошто бев млада. Не се срамам од тоа, иако не станаа хитови. Тие се дел од мене и го одбележија тој период од мојот живот. Се сменив. Тоа е изгледа нормално. Многумина ме обвинуваат поради физичкиот изглед во однос на претходно. Односно ги осудуваат моите естетски корекции. Има бројни коментари, и главно се негативни. Ја споредуваат мојата слика на 14 години и сега на 21 година. Сметам дека нема причина за тоа. Дури и да имам корекции, а имам, лицете се разликува кога ќе ослабам, кога ќе се офарбам… Тоа е сосема нормална промена за девојка“, рече Тијана меѓудругото, и одговори на коментарот на колегата Милан Станковиќ кој алудираше дека песната е ѓубре.

„Негативните коментари не ме погодуваат толку, а некогаш и ми значи. Луѓето некогаш нешто не пишуваат со добри намери, но на крајот ќе излезе дека се добронамерни и ми укажале на некои работи кои треба да ги поправам кај мене. Што се однесува до коментарите на колегата Милан, немам Твитер и не сум видела, но информирана сум за тоа. Не би коментирала ништо, секој има право на свое мислење. Мене тој ми е симпатичен, и ги сакам неговите песни со Буба и Јала, без оглед на тоа што тој не мисли така за мене“, рече пејачката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button