Милан Поповиќ јавно ја повика Северина да се смират – ова никој не го очекуваше од него
Милан реши да ја каже својата верзија на приказната…
Поранешниот сопруг на Северина, бизнисменот Милан Поповиќ, сака да се смири со пејачката.
Како што пренесуваат медиумите, српскиот „крал на бакарот“ решил да сврти нова страна откако го доби старателството над нивниот син, па во неговото последно интервју преку медиумите и пружи рака.
„Во интерес на детето е ние двајцата да комуницираме. Но некои за да не го сфатат погрешно нашето помирување, сакам да нагласам дека не сакам ние двајцата повторно да бидеме емотивни партнери, туку само сакам како родители на Александар нормални да функционираме“, изјави Милан деновиве во неговото интервју за Информер.
Како што вели тој самиот, нему не му е јасно зошто неговата поранешна сопруга потполно го прекинала секој контакт со него и до кога ќе и трае лутината.
„Морате Северина да ја прашате зошто не сака да зборува со мене. Јас со неа се немам расправано и подготвен сум нормално да функционираме. А таа се расправа како и повеќето жени“, изјави тој и додаде дека жените всушност не се расправаат, туку едноставно престануваат да комуницираат со вас. „Кога сите земји би имале жени за претседателки, сигурен сум дека повеќе не би имало војни. Би постоел само еден проблем – претседателките меѓу себе не би комуницирале“, вели Милан во неговото обраќање.
Северина не му кажала ниту еден збор на Милан кога го донела нивниот син во неговата куќа, но потоа за медиумите изјави дека и е жал што Александар повеќе нема да може да оди на нејзините концерти.
Бизнисменот за ова вели дека иако смета дека на нивниот син не му е местото на сцената, доколку тој самиот сака да ја гледа својата мама на концерти во Загреб, тој ќе го однесе. Но нема да дозволи да го експонира детето и да го изнесува на бината, вели тој и додава дека, според него, нејзиниот сопруг, Игор Којиќ (32) лошо влијае на нивниот син.
„Игор не знае како со детето. Млад е, нема искуство, нема свое дете и не може да процени што во одреден момент е најдобро за Александар. Па така неодамна излезе дека сакал да го киднапира Александар од училиште, бидејќи немал дозвола тој да го носи дома. Сигурен сум дека не сакал да направи нешто лошо на детето, бидејќи не размислувал кога го направил тоа. Но Игор со тоа направи криминално дело и со тоа сега се занимаваат државните органи, а не јас“, ја завршува својата приказна Милан Поповиќ.