Реклама
Наши ѕвезди

Мики е мртов болен, но тој не се откажува од шоуто – Цеца Ражнатовиќ откри детали што ги изненади сите

Пејачката неколку пати повтори дека Мики е на лекови

Реклама

Мики Секуловски и мртов болен не се откажува

Пејачот од Македонија Мики Секуловски и овој пат ја воодушеви публиката, но и жирито со својот настап во „Ѕвездите на Гранд“.

Тој настапи во сјаен дуел со Бобан Лазиќ и освои шест гласови со што директно се пласираше во следниот круг, додека вториот кандидат за своето место мораше да се бори со останатите во баражот.

Маркетинг

По настапот на пејачите прва со коментар се јави Марија Шерифовиќ која имаше и неколку забелешки за Секуловски.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Имено, неколку претставници на жирито во последен момент го дадоа својот глас за Мики, а тоа го направи и Шерифовиќ.

По гласањето Цеца Ражнатовиќ стана од столчето и појде до Мики да му честита, а потоа Марија го кажа своето мислење.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Како што појасни таа, Мики секако е подобра пејач од вториот кандидат, но според неа ова бил неговиот најслаб круг досега.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Во истиот момент се огласи и Цеца, која му е менторка на Мики, па појасни дека тој е „мртов болен“.

„Мртво болен е. Тој е на лекови, луѓе. Мртов болен човек. Гледаш дека има проблем и со висините, знаеш како пее“, коментираше таа.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

По ова Шерифовиќ продолжи со својата забелешка, критикувајќи го Мики дека му се слабост ниските тонови.

„Ти си најсилен таму каде што е најтешко, а тоа е горе. Меѓутоа, кога треба да се пее убаво, лесно, мирно, тивко, тука интонацијата те носи горе-доле“, му порача Шерифовиќ на Мики, по што тој ги прифати критиките, за разлика од Бобан кој не се согласи со одлуката на жирито.

Тој јавно го изнесе своето мислење сметајќи дека заслужува повеќе гласови, па влезе во расправија со Саша Поповиќ.

Повеќе за ова тука >>

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

„Тој е болен, но ти не си“

На крајот и рокерот Ѓорѓе Давид имаше критики за пеењето на Бобан, но не и за Мики за кого рече дека и да е со една нога, тој повторно ќе трча во круг и ќе се бори до крај, без предавање.

„Тој е болен, но ти не си“, му порача Ѓорѓе на Бобан, по што се огласи и менторката на Мики, Цеца Ражнатовиќ, која појасни дека Мики е сериозно болен и дека не доаѓал на проби затоа што не можел да дојде.

„Тој навистина пее, убива како пее. Се трудеше, бореше, награден е и за минатиот труд, и за ова што се потруди, бидејќи знаат дека е мртов болен“, коментираше Цеца, а потоа му препорача и на вториот кандидат дека е доста и дека смета дека не е колегијално тоа да се коментира на овој начин, по што младиот пејач јавно им се извини, па и двајцата беа испратени со аплауз од публиката.

Што се случи со Бобан и дали тој помина, погледнете тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button