Реклама
Вирално

Мечката Бозо заробена на Шар Планина СПАСЕНА БЛАГОДАРЕНИЕ на еден сточар и совесните екипи

Мечката 10 часови била заглевана во близина на едно бачило на Шар Планина

Реклама

Филмско спасување на мечката Бозо која беше заробена на најубавата планина во Македонија

Мечките се неформални домаќини во Националниот парк Шар Планина и ова место е едно од нивните најголеми живеалишта во Македонија.

Преубавата природа на Шар Планина е и едно од омилените дестинации на голем број туристи кои се во потрага по авантура и недопрена природа, но воедно е и живеалиште на голем број мечки кои се строго заштитени животни во овој регион.

Маркетинг

Од овие причини, понекогаш се случува и да дојде до средба помеѓу овие неформални домаќини на Шар Планина и луѓето, а благодарение на една таква средба неодамна беше спасено едно животно.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, НП Шар Планина

Имено, сопственик на бачило пријавил на службите дека има мечок заглавен во сајла кој со часови не можел да се ослободи. Благодарение на брзата реакција на екипите на Националниот парк заедно со стручни лица од Зоолошката градина, мечокот беше ослободен, и откако беше прегледан од ветеринари, пуштен на слобода.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, НП Шар Планина

Видеото од целата акција за спасување на беспомошното видео беше објавено на социјалните мрежи и веднаш стана вирално.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, НП Шар Планина

На него се гледа како возрасниот мажјак што бил забележан од страна на сопственикот на бачилото од село Бозовце најпрво се успива.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, НП Шар Планина

Животното вознемирено од тоа што е погодено, прво се обидува да скокне кон автомобилот и луѓето, но безуспешно.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, НП Шар Планина

Погодено од проектилот, мечокот набргу заспива, а потоа луѓето го ослободуваат од сајлата и му ја проверуваат ногата.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, НП Шар Планина

Спасувачката акција траела три часа, а ветеринарите на мечокот му го дале името Бозо, по блиското село Бозовце.

Мечокот откако ќе се разбуди ќе замине кон шумските предели на преубавата Шар Планина, каде локалното население од планинските села живее во соживот со природата и животните.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, НП Шар Планина

„По дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната установа Зоолошка градина на град Скопје организираа акција за ослободување на животното.“

„Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по три часа работа Бозо беше успешно ослободен. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката. Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата, информираат од Национален парк Шар Планина.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, НП Шар Планина

Како да избегнете средба со мечка

Доколку се шетате низ пума, посебно по необележани патеки, на мечките треба да им го најавите вашето присуство со гласен говор или свирка за да му дадете време на избега. Во спротивно може да се случи животното во моментот кога ќе го види човекот од страв, или за да се одбрани, да тргне кон него. Имено, мечките најчесто бегаат од луѓето, но проблемот може да настане ако тие не се спремни за средба, односно ако не ги слушнат луѓето на време или пак ако се во прашање женки со мали мечиња кои можат да бидат агресивни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button