Мелита Ракичевиќ искрено за односот со Барбара – еве што откри ПОРАНЕШНАТА водителка за својата наследничка
Македонската Брижит Бардо одговараше на прашања, но ова не го очекуваше.
Кога познатите и популарни личности на социјалните мрежи ќе дадат шанса фановите да им постават прашања обично се потрупани со секакви прашања, но се чини дека овојпат не беше баш така.
Иако Мелита Ракичевиќ важи за жена која „нема влакна на јазикот“ таа рече дека може да ја прашуваат, но без глупости.
Сепак повеќето од оние кои ѝ пишаа на Мелита беа само комплименти и пофални зборови.
„Ви се восхитувам, посебна сте“, „Ве следам со години, мајка сум и вљубена сум во вас како жена“, „Прекрасна си, те обожавам“, „Фантазија“ … беа само некои од комплиментите кои Мелита ги доби.
Секако имаше и низа прашања на кои таа со задоволство одговараше.
Мелита откри дека најубав дел од телото се нејзините нозе и доколку би можела да врати моменти од животот би ги вратила сите среќни мигови.
Прашана за својата ќерка Мелита имаше само убави зборови за неа.
– Дека сум луда по Барби сите знаат, дури ја „гушам“ со мојата љубов. Многу се трудам да биде среќна и живеам за неа. Дали ме цени и колку е благодарна? Јас ништо за свое дете не гледам како нешто за кое треба да ми возвраќа. Најубаво е кога од срце ќе ме гушне и сака“ Одговори Мелита на прашањето.
Инаку Барбара и Мелита се многу блиски и често може да се видат дека одат заедно на одмор или некоја забава.
Така беше и за роденденот на Барбара која го прослави во друштво со пријатели, но присуствуваше и Мелита.
Во специјално славеничко издание Мелита сподели фотографија облечена во шик зелена комбинација, а славеничката во кожно црно и кратко фустанче.
Двете расположени и насмеани танцуваа и пееја заедно со друштво, а на кратките приказни на Инстаграм Барбара покажа и дека наполнила 17 години.
Распеани и насмеани и двете се забавуваа а според објавите не се знае која е ќерка која е мајка.
Двете изгледаат убави како божици!