Меган Маркл се појави во БЕСКРАЈНО елегантен фустан и го покажа трудичкиот стомак – дали ви се допаѓа со 5 кг повеќе?
Меган Маркл на хуманитарната вечера во лондонскиот театар „Royal Variety Performance“ се појави во ново прекрасно издание.
Војвотката од Сасекс за ова пригода носеше елегантна, темна креација од позантиот британски бренд „Safiya“. Во прашање е гламурозно здолниште кое доаѓа во комплет со топ со тенки прерамки опточени со бел штрас.
Комбинацијата составена од црнo-бели цветови во горниот дел дефинитивно изгледа прекрасно, а убавата 37 годишна војвотка целото издание го зачини со дискретен накит и црна плико чанта, додека косата и беше врзана во лежерна пунџа, а шминката потполно ненаметлива.
Војвотката во ова издание всушност прв пат покажа колку е пораснат нејзиниот труднички стомак, па мораме да признаеме дека блажената состојба навистина добро и стои. Таа беше во друштво со нејзиниот сопруг принцот Хари кој целото време беше внимателен кон неа и се обидуваше да не и недостасува ништо, пренесува „Дејли мејл“.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Меган.