Реклама
Вирално

Мајка уби педофил што злоставувал три од нејзините пет деца – случајот го шокираше целиот свет, решила сама да му пресуди!

Реклама

Тројца браќа кои биле нападнати од педофил кој го сменил идентитетот за да ги избегне 24-те пресуди за злоупотреба на деца, признале дека им е „мило“ што тој е мртов, откако нивната мајка го убила за да ги заштити.

Сара Сендс, откако испила две шишиња вино, отишла во домот на Мајкл Плестед (77) во соседниот блок во источен Лондон и го избодела осум пати. Настанот се случил во 2014 година.

Нејзините храбри синови денес имаат 18 години и се откажале од правото на анонимност за да ја поддржат својата самохрана мајка, која излегла од затвор по четири години и сега води кампања за заострување на правилата на сексуалните престапници да им биде забрането да ги менуваат своите имиња.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Eден од нејзините синови, Бредли изјавил дека ѝ симнува капа на својата мајка што го убила Плестед. Неговите браќа и сестри близнаци рекле дека сега се чувствуваат побезбедно откако Плестед е убиен.

Рис кој тогаш имал 11 години, изјавил дека е убаво да се знае дека Плестед е мртов.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Во извонредниот нов документарец на Би-Би-Си, наречен Killing My Children’s Abuser, момчињата биле запрашани дали се среќни што Плестед не е жив, а тие веднаш одговоиле: „О, да, дефинитивно“.

Мајката на петте деца, исто така, била снимена како плаче надвор од станот во кој ја избодела својата жртва, велејќи: „Ми зеде сè. Сè уште нема зборови за да се опише како ме јаде одвнатре. Тој го растури моето семејство“.

ФОТО: Принтскрин

„Ми го уништи животот и се обиде да ми го одземе најскапоценото нешто во животот. Тие бебиња, ова засекогаш ќе им остане врежано во сеќавањето. Никогаш нема да можам да им го избришам ова сеќавање и да го спречам врескањето навечер“.

„Не можев да им кажам дека тоа е сон – затоа што не беше – тој беше нашиот жив кошмар. Тоа ме јаде одвнатре, бидејќи тие се мои бебиња. Би го дала животот за нив“, рекла мајката.

ФОТО: Принтскрин

Плестед малтретирал три нејзини деца, а и други млади момчиња на имотот и веќе бил осуден три децении за прекршоци за злоупотреба на деца.

Правната дупка им дозволува на регистрираните сексуални престапници да го променат своето име преку анкета. Овој трик може да им помогне на поединците да добијат нова возачка дозвола и пасош,а со тоа да им се овозможи пристап до децата, предупреди пратеничката од Лабуристичката партија Сара Шампион.

ФОТО: Принтскрин

Сара изјавила дека сега чувствува каење што го убила: „Не ми паѓаше на памет дека ќе чувствувам вина што му го одземам животот“.

За BBC Breakfast таа изјави: „За педофилите, што допираат деца, мора да има последици. И криењето зад промените на имињата… тоа мора да им се одземе. Тоа право да го сменат името мора да им биде одземено“.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button