Кафе муабет

Мајка раскажува: Kога дознав дека син ми има момче….

Advertisement

gej1

Таа и нејзиниот сопруг три месеци немаа контакт со нивниот син. Како што вели таа, тоа биле три најлоши месеци во нејзиниот живот.

Advertisement

– Во секој млад маж го гледав него, сé ме потсетуваше на него. Еден ден, јас и мојот сопруг бевме во автомобилот, а мене ми се причини дека го гледам нашето дете. Излетав, целата расплакана, викајќи на сиот глас по момчето. Кога детето се сврти, сфатив дека не е тој. Тогаш му реков на сопругот дека мора да го пронајдеме.

Нивниот син во меѓувреме го напуштил факултетот и се вработил. После неколкудневната потрага дознале каде работи и одлучиле да одат кај него на работа.

– Бевме најтопло пречекани. За среќа, мирно разговаравме, се прошетавме и некако успеавме да ги поправиме односите – вели Ана.

Advertisement

gej1

После разговорот, контактот со нивниот син станал поредовен. А после, следел нов шок:

– Еден ден ме повика да одам и да го запознаам неговиот партнер. Прифатив. Се трудев да бидам мирна, и да ја прифатам ситуацијата. Од тој момент сé некако започна да функционира. Воопшто не се грижам што ќе речи светот – вели Ана.

Ана вели дека не им кажале ниту на роднините, ниту пријателите дека нивниот син е хомосексуалец, но сите од околината се свесни за тоа, иако никој тоа не го коментира. Таа тврди дека родителите кои велат дека се помириле со фактот дека детето им е хомосексуалец не се искрени.

 „Се надевам дека мојот син ќе го промени неговото сексуално определување, но не се имам целосно помирено со тој факт. Не разговарам со него за тоа. Го гледам како свој син, а не како „геј син’. Најважно ми е да е добро и да е здрав, сé друго е најмалку важно. Тој некогаш преспива кај нас. Доаѓа со неговото момче.. И тоа момче не го гледам како хомосексуалец“ – вели Ана.

Таа додава дека нејзиниот син објавува фотографии на друштвените мрежи и знае дека сите се свесни за неговата сексуална определба.

Нејзиното семејство продолжи да живее нормален живот. Таа и нејзиниот сопруг се грижат за нивните синови како и претходно. Нивниот син постојано доаѓа и ги посетува, а и тие го посетуваат него. Колку и да е различен во очите на оние кои ги осудуваат хомосексуалците, за неговите родители тој е нивно дете и тоа ништо не може да го промени

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button