Мајка и ќерка во акција – еве како снаата на нашиот популарен актер Дац ја одржува својата линија
Мајка и ќерка уживаат во заедничкото слободно време.
Убавата Софија покажа како ја одржува линијата.
Во мај минатата година, синот на актерот Драган Спасов-Дац, Јаков Спасов стапи во брак со неговата избраничка Софија Христова.
ФОТО: Инстаграм / Софија Спасов
Софија по професија е графички дизајнер и маркетинг менаџер, а обожава да спортува.
За нивната свадба се зборуваше долго после, а фотографии од целата церемонија беа споделениа на социјалните мрежи.
ФОТО: Инстаграм / Софија Спасов
Младенците за овој настан се одлучија за лесна-летна облека, а посебен детаљ во кој сите присутни гледаа беше венчаницата на Софија која беше составена од кратки црни панталони, црно-бел горен дел на тенки прерамки и бела долга наметка од тул од едната страна.
Годинава во март се роди нивната прва ќерка на која ѝ дадоа необично име – Гаиа.
ФОТО: Инстаграм / Драган Спасов Дац
Гаиа е центар на внимание во семејството и сите ја обожаваат.
Нејзиниот дедо гордо споделува нејзини фотографии и ѝ посветува емотивни пораки.
ФОТО: Инстаграм / Драган Спасов Дац
Она што може да се забележи е тоа дека Софија кратко време по породувањето ја врати својата линија во совршена форма.
Според објавите на нејзиниот Инстаграм профил таа постојано спортува и максимално внимание посветува на физичкиот изглед.
ФОТО: Инстаграм / Софија Спасов
Наутро и преку ден, додека се сами со малата Гаиа, а времето е сѐ уште убаво, излегуваат на прошетка во природа.
Овој пат Софија се одлучи а искачување на Водно, додека Гаиа ја носи во кенгур.
Погледнете: