Реклама
Наши ѕвезди

Мајката на познатата пејачка се исповеда: „Имаше толку многу знаци кои ми укажуваа дека е болна, но јас не направив ништо“

Реклама

Мајката на познатата пејачка во своите мемоари признава дека и покрај тоа што виделе бројни знаци кои укажуваат дека нејзината ќерка има здравствени проблеми, не преземала ништо и објаснува зошто.

Имено, Диана Де Ла Гарза, мајка на познатата актерка, танчарка, модел и кантавтор Деми Ловато, која зад себе има пет успешни албуми, зборува отворено за знаците кои укажувале дека нешто не е во ред со нејзината ќерка. Таа во нејзините мемоари се присеќава дека еден ден нејзината постара ќерка дошла и и кажала дека Деми посетува веб страници за анорексија и булимија. Таа тогаш само воздивнала мислејќи дека тоа е случајно, но денес се грози од самата себе кога ќе се сети на тоа. „Понекогаш толку очајно сакаме да веруваме во најдоброто кога се нашите деца во прашање така што сме спремни да го игнорираме дури и очигледното“ напиша Де Ла Гарза во своите мемоари.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BdjdSGglFoh/?utm_source=ig_embed

Таа и самата боледувала од анорексија во своите тинејџерски години па поради тоа и повеќе се чуди како на време не забележала дека нејзината ќерка длабоко заглавила кога почнала да се соочува со истите проблеми.

Маркетинг

Имено Деми Ловато во тинејџерските денови два пати била на рехабилитација поради алкохол и други супстанци, т.е. поради булимија. Пејачката денес има 25 години и го слави секој ден што ќе го помине трезна – минатата година одбележа точно пет трезни години во нејзиниот живот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button