Маја беше една од најпознатите пејачки во Македонија, па замина во Австралија – еве со кого ужива сега
Некогашната македонска пејачка ужива во одморот во декември

Маја Вукичевиќ е посреќна од било кога, а тоа го покажа и со фотографиите кои ги споделува на социјалните мрежи.
Кон крајот на 90-те жареше и палеше на македонската сцена, а видео записите за нејзините песни изгледаа скапо и чекори понапред од времето.
ФОТО: Фејсбук / Маја Вукичевиќ
Дваесет години беше присутна на музичката сцена, но одеднаш одлучи целосно да се повлече.
Си ги спакува куферите и замина во Австралија поради љубов.
ФОТО: Фејсбук / Маја Вукичевиќ
Целосно се повлече од естрадниот живот и воопшто не даваше изјави за македонските медиуми, ниту пак беше активна на социјалните мрежи.
Својот приватен живот го криеше како змија нозете.
ФОТО: Фејсбук / Маја Вукичевиќ
По разделбата со сопругот, Маја сврте нов лист во животот.
Кај неа во Австралија пристигна и најважниот маж во нејзиниот живот, нејзиниот син Горазд.
Горазд е нејзина најголема мотивација за чекори напред.
ФОТО: Фејсбук / Маја Вукичевиќ
Нејзиниот наследник, кој во 2019 година дипломираше на Економскиот факултет во Скопје, сега дојде во Австралија кај својата мајка, да ги заврши магистерските студии и да започне живот таму.
Тие двајца уживаат во секој момент поминат заедно.
ФОТО: Фејсбук / Маја Вукичевиќ
Во Австралија е сега топло, па одлучија да го искористат сонцето да уживаат на плажа.
Маја сподели нивна фотографија и ги воодушеви фановите.