Реклама
Наши ѕвезди

Марјан Коцев откри зошто од него нема подолго време нова песна

Во последните години не сме го виделе на ниту еден фестивал

Реклама

Еден од милениците на фолк естрадата, пејачот Марјан Коцев, зад себе има неколку хитови без кои не поминува веселба.

„Ти само ти“, „Бекрија љубовџија“ и многу други негови песни се познати за различни гнерации. 

Овие песни се направени пред неколку години, Марјан одмана не ја израдувал публиката со нова песна.

Маркетинг

Во гостување во емисјатата „Качамак“ на Сител телевизија, пејачот откри зошто одамна нема нова песна од него.

Инаку, Марјан пред неколку дена се врати од Германија, тој важи за еден од омилените пејачи во дијаспората. До нова година веќе му е направена агендата за настапи во неколку држава, а вечерта за  новогодишната прослава , на 31 декември откри дека ќе биде во Малта.

Маркетинг

„За Нова Година сум во Малта, а на 1 јануари следниот ден се враќам во Струмица , поточно во с. Радово, таму традицијонално се случува огромна забава, вели пејачот.

На прашањето кога да очекуваме нова песна од него, пејачот за ова го „обвини“ брат му Коки.

Полека нешто се работи, не којзнае колку, некако не можеме да се искомбинираме со брат ми, затоа што и тој е некако преокупиран со обврски, фамилија. А , само тој знае да ми направи нешто конкретно за мене. „Ти само ти, „Љубовен танец“, „Запејте браќа“, сите тие песни се негови. Можеби половина од моите песни се негови. И само се лажеме, денес, утѕре , другиден и никако да седнеме да се видиме и да направиме нешто ново.

Во псследните години не сме го виделе на ниту еден фестивал , а пејачот на ова одговара:

 Немам некој одговор за фестивалите. Бев поканет  оваа година за „Валандово фест,“ но беше за викенд кога имав свадба. За „Охридски трубадури“ лично ме покани Бубе Соколов исто имав некоја тезга. Но му реков и дека немам некоја песна, не е само да се настапи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button