Марија Шерифовиќ во врска со снаа на моќен бизнисмен – еве која е, српската јавност во неверување
Нова љубов на српската естрада.
Како што пишува Курир.рс, Марија се гледа со една од најубавите српски жени од јавната сцена која е мажена за син на голем и моќен влијатеен бизнисмен.
Љубовниот живот на најпопиларната српска пејачка Марија Шерифовиќ од секогаш бил интригантен поготово откако јавно признала дека повеќе сака жени.
Но пејачката која на Србија и ја донесе победата на Евровизија во 2007 година успешно ја чува својата приватност, и својата и на партнерката.
Се до сега, како што пишува Курир.рс, Марија веќе година дена е во врска со снаата на едно од најбогатите српски семејства.
– Почнаа да се гледаат тајно веќе неколку дена откако се запознаа. Тоа на почетокот на никого не им беше сомнително, бидејќи околу Марија секогаш има пријатели и пријателки кои ја следат насекаде, а госпоѓата веќе со години е во среќен брак со наследникот на моќната династија.
Така првите месеци се било опуштено и за нив и за околината, но како што поминува времето, стануваат се повеќе во центарот на вниманието, открива близок пријател на Марија и додава дека оваа дама има секогаш посебно ВИП место на концертите, што на сите им беше сомнително.
Мајката и снаат неколку пати се видени во познат белградски ресторан, се држат за рака, тука има и нежни допири, бакнежи. Нормално, некој ги сликал па фотографиите од нивните интимни моменти, почанле да се шеруваат па така половина Белград веќе ги има фотографиите на своите телефони, завршил соговорникот.
За потсетување, Марија Шерифовиќ во документарниот филм „Исповед“ призна дека е бисексуалка.
„Марија во филмот открива дека е бисексуалка и дека сака постари жени. Дури повеќе имала сексуални односи со нив, отколку со мажи“, открива за српски Курир личност која учествувала во реализацијата на проектот.
Марија Шерифовиќ имаме прилика да ја гледаме секоја недела во Ѕвездите на Гранд како дел од жирито.
Таа со своите критики и совети допринесува да се појавуват нови имиња на музичката балканска естрада.
Во ова шоу има учесници од целиот Балкан, тука им се нуди на натпреварувачите да застанат цврсто на сцената и да го почуствуваат барем малку сјајот на шоу бизнисот.
Инаку, Марија Шерифовиќ како дел од Ѕвездите на Гранд е веќе шест години, токму ваква вест објави на својот Инстаграм профил. И низ смеа под фотографијата напишала дека најверојатно тука ќе i останат и коските….