Реклама
Наши ѕвезди

Марија Груевска од „Ѕвездите на Гранд“ ги изненади сите со веста за ЕМОТИВНИОТ СТАТУС: „Тој повеќе не ми е момче!“

Реклама

Таа беше една од најекстравагантните пејачки во „Ѕвездите на Гранд“, а за нејзините настапи се уште се зборува.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Марија Груевска од Битола уште со својот прв настап во „Ѕвездите на Гранд“ го украде шоуто. Така впрочем беше и до самиот крај, кога никого не оставаше рамнодушен со своите специфични настапи и оригинални костуми, но и начинот на кој ги изведуваше и обработуваше песните.

Пејачката деновиве ги воодушеви своите бројни фанови и со спотот за својата прва песна која неодамна ја објави.

Маркетинг

Песната ја снимаше во Хамбург, во студиото кај својот вујко, а како што самата изјави, цело време уживала во тој процес.

Фото: Принтскрин/ Гранд магазин

По објавувањето на песната и спотот, Марија направи и голема промоција во Скопје на која беа присутни и колегите од „Ѕвездите на Гранд“. И наместо еден час промоција, се случи журка која траеше неколку часа, а гостите се забавуваа до бесвест, каде сите пееја и уживаа во дружбата.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Марија во интервју за „Гранд.онлајн“ призна дека идеите за настапите во шоуто и ги давеше нејзиниот татко кој е свештеник, но и дека има замешано прсти и во новиот спот кој претставува своевиден завршеток на сето она што го започнала во натпреварувањето во „Ѕвездите на Гранд“.

Маркетинг

Таа откри и дека подготвува уште еден спот кој е биде уште поконтроверзен, но засега не сака повеќе да открие.

Инаку Марија, покрај нејзините најблиски од семејството кои цело време беа покрај неа за време на натпреварувањето во „Ѕвездите на Гранд“, голема поддршка добива и од саканиот, за кој што како што самата вели, повеќе не и е момче.

Фото: Принтскрин/ Гранд магазин

Имено, таа во интервју за Гранд.онлајн изјави.

„Сега не ми е момче, туку свршеник“.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Синиша Стојаноски
Фото: Инстаграм/ Синиша Стојаноски

https://www.instagram.com/p/CQTN_lcr4ZI/

 

Таа потоа објасни дека тој ј побарал за жена на денот на снимањето на спотот и дека била во шок кога се случило тоа.

„Свадба се уште не планираме, оставам за тогаш кога Бог ќе каже дека треба да биде. За сега работам на кариерата и новите песни кои ќе бидат барем уште четири до крајот на годината“, изјави таа, а пренесе „Гранд.онлајн“.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Извор: Гранд.онлајн

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button